fbpx

Годинешниот „Виз ер – Скопски маратон“ ќе биде најмасовен досега

-

Повеќе од 4.500 лица од 38 земји од светот досега пријавиле учество на годинешниот „Виз ер – Скопски маратон“, кој годинава ќе се одржи на 8 мај, по повод Денот на Европа.

– Очекуваме 12. издание на Скопскиот маратон да биде најмасовно, како и најпосетено досега. Бројката до денеска e 4.500 пријавени учесници, а има уште еден месец и еден ден до одржувањето на маратонот. Постојаното зголемување на бројот на учесници се должи на тоа што секоја година се зголемува бројот на љубителите на трчањето во нашата земја, но радува фактот што се зголемува и интересот на странските учесници, бидејќи од година во година работиме на подобрување на квалитетот на маратонот во секој поглед, како организациски, така и содржински и се обидуваме да ги следиме сите трендови во маратонското трчање –изјави Кире Синадиновски, директор на „Виз ер – Скопски маратон“.

Пред маратонот, кој и годинава е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и на Агенцијата за млади и спорт, ќе се одржи женска трка која ќе се случи викендов, односно в недела, во 10 часот, во Градски парк во Скопје кај Школка.

– Станува збор за трка која од година во година добива сè поголема популарност, а и бројот на жените кои учествуваат е сè поголем. В недела се очекува бројка од 1.000 жени да земат учество. Оваа година трката ќе биде на два километри и ќе има натпреварувачки карактер, каде на најдобрите во неколку возрасни категории ќе им доделиме и медали и дипломи, а ќе се организира и лотарија за сите учеснички – рече Синадиновски.

На денешната прес-конференција, која се одржа во ЕУ Инфоцентар, свое изложување пред медиумите имаше и евроамбасадорот Аиво Орав, како и претставниците од Град Скопје и на Агенција за млади и спорт, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.
– Ги поддржуваме спортските настани бидејќи спортот го пренесува концептот на мир, толеранција, меѓусебно разбирање и образование, вредности кои се во срцето на европската идеја – рече Орав.
Скопскиот маратон се одржува по повод 9 Мај, Денот на Европа, уште од неговото прво одржување во 2007 година. Маратонот, поддржан од Делегацијата на Европската Унија од самиот почеток, е еден од централните настани во програмата за одбележување на роденденот на Европската Унија.

Стандардните трки – маратон (42.195 километри), полумаратон (21.097 километри) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат четири трки на програмата, како што беше планирано и за минатиот маратон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...