fbpx

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан'. „Со предвидениот...

Најмалку 12,7 милиони евра јавни пари во медиумите до крајот на годината

Буџетското финансирање медиуми, и преку изборните кампањи и преку субвенциите, е ризик за корупција и политичко влијание врз јавните гласила, особено во предизборниот период. Оваа констатација ја делат и новинарските здруженија, невладините организации, но и Државната комисија за спречување корупција, која за ризикот што...

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

Раководството на Македонската - радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од...

Агенцијата за слободен пристап до информации решила 250 од вкупно 750 претставки

Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер за еден месец има решено 250 претставки од вкупно 750, додека паралелно работат на нови поплаки кои ги решаваат според рокот предвиден со закон, односно 15 дена. Директорката на Агенцијата за слободен пристап до информации од...

Одговорните во националните телевизии ниту го демантираат ниту го потврдуваат бојкотот на Владата

Одговорните лица во националните телевизии, ниту ја потврдуваат ниту категорично ја демантираат информацијата дека ги бојкотираат настаните во организација на владата и министерствата. Во телефонската комуникација со неколку директори и уредници на национални телевизии, Мета не доби конкретен одговор на прашањата дали се случува...

Османи: Медиумите имаат огромна улога во демократскиот изборен процес

Медиумите и нивната улога во изборниот процес со цел да се обезбедат предуслови за фер и демократски избори и медиумската кампања, беа темите за кои денеска разговараа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) Зоран...

ААВМУ: Не сме надлежни да го поништиме конкурсот за членови на Надзорниот одбор на МРТ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вели дека нема надлежност да го поништи конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ, во време кога мандатите на членовите на Програмскиот совет се истечени, пишува Порталб.мк. - Немаме надлежност да го поништиме...

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера...

Антикорупциска бара построги критериуми за државни субвенции за медиумите

Да се зајакнат критериумите за доделување на државна помош за печатените медиуми, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која во Националната стратегија за спречување корупција ваквите субвенции ги оценува како ризик за корупција и клиентелизам. ДКСК бара и медиумите да не добиваат...

„Антена 5“, „Канал 77“ и „Македонско радио“ лани биле најслушани

Најголем дел од македонските граѓани лани не биле заинтересирани за редовно следење на програмата на македонските радио станици, но забележително е дека овој традиционален медиум и понатаму е интересен за помладиот дел од популацијата. Според Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио - телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално - финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет,...

Антикорупциска бара медиумите да не добиваат буџетски пари за политички кампањи

Да се укине буџетското финансирање на платеното политичко рекламирање на партиите во изборните циклуси, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со новата Национална стратегија за спречување корупција, каде што истакнува дека „ буџетското финансирање на платената политичка програма за изборна кампања е...

Обезбедена бесплатна правна помош за проверувачите на факти кои се соочуват со притисоци

Иницијативата за правна поддршка на проверувачите на факти  (Fact-checkers Legal Support Initiative - FLSI), нуди правна и финансиска помош за проверувачите на факти кои добиваат тужби, а се недоволно финансиски моќни да си обезбедат соодветна правна заштита. Зад иницијативата стојат Меѓународната мрежа за проверка на...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ лани биле најгледани, граѓаните најмногу следеле вести

Македонските граѓани на телевизиските канали лани најмногу гледале вести и информативна програма, при што „Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ се трите најгледани телевизии во 2019 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради...

Новинарските здруженија од регионот ги осудија заканите и навредите врз новинарките во Македонија

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска. Двете новинарки добија заканувачки пораки...

Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)

Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само четири инциденти, од кои...

Спасовски: Институциите да го истражат секој напад врз новинарите и да го санкционираат

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на прес-конференција апелираше институциите да го истражат секој напад врз новинари и да го санкционираат, бидејќи како што кажа медиумите се израз на демократијата. Тој потенцираше дека во овој предизборен период е многу битно институциите да продолжат функционираат непречено во...

ССНМ и ЗНМ: Нападите врз новинарите да бидат третирани како напади врз службени лица

Трите вербални напади придружени со закани и онлајн малтретирање врз новинарките Маја Јовановска, Мери Јордановска и Искра Коровешовска во последните две недели се вистински момент да потсетиме на иницијативата на ССНМ во соработка со Здружението за новинари за измени на Кривичниот закон со кои...

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...