fbpx

Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор

-

Досегашните членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија (МРТ) распишаа јавен конкурс за избор членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис. Органот на МРТ што треба да врши надзор над материјално – финансиското работење треба да биде избран од Програмскиот совет, којшто во моментов е со истечен мандат.

Конкурсот за изборот на членови на Надзорниот одбор е објавен на веб – страницата на МРТ на 17 јануари, а доставувањето на пријавите од заинтересирани лица ќе трае 15 дена. Главен проблем со распишувањето на овој конкурс е фактот што мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ траеше до декември 2019 година.

Според Законот за ААВМУ, мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години со право на уште еден последователен мандат. „Призма“ во своето истражување за работењето на јавниот радиодифузен сервис уште пролетоска пишуваше дека Собранието на РСМ го избрало досегашниот Програмски совет на седницата одржана на 15 декември 2014 година. Ова би значело дека цел еден месец по истекувањето на нивниот мандат, старите членови на Програмскиот совет на МРТ сега распишуваат јавен конкурс за избор на нов Надзорен одбор.

Изборот на новиот Програмски совет на МРТ е заглавен во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, каде што претседател е Илија Димовски од опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ. Натегањата меѓу власта и опозицијата околу тоа кои членови ќе бидат дел од највисокиот орган на МРТ траат веќе неколку месеци.

Рокот за овластените предлагачи да предложат нови членови на Програмскиот совет на МРТ траеше до 2 март 2019 година. За 13 – те места на новиот состав МРТ биле пријавени 19 кандидати, но нивниот избор најпрво треба да го разгледа Комисијата за прашања на изборите и именувања. За да се изберат во националното собрание, потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, што значи дека за нивното именување треба да има согласност од власта и опозицијата.

Досегашните членови на Програмскиот совет на МРТ во февруари 2018 година на конкурс го избраа Марјан Цветковски како старо – нов директор на јавниот радиодифузен сервис, којшто беше првично назначен за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...