Трите вербални напади придружени со закани и онлајн малтретирање врз новинарките Маја Јовановска, Мери Јордановска и Искра Коровешовска во последните две недели се вистински момент да потсетиме на иницијативата на ССНМ во соработка со Здружението за новинари за измени на Кривичниот закон со кои напад врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице, велат од ССНМ.

„Со тоа ќе се олесни постапката и МВР и обвинителството ќе мора по службена должност да ги гонат оние кои ќе се дрзнат да напаѓаат, да малтретираат или да им се закануваат на новинарите. ССНМ уште во 2017 година изработи анализа со конкретни репораки и измени на Законот, а иницијативата беше и реотворена на средба со Министерката за правда, Рената Дескоска во октомври минатата година. Иако иницијативата начелно беше прифатена и доби поддршка, измените се’ уште се на чекањ“, велат од ССНМ.

ССНМ ги повика институциите да реагираат и да ги преземат соодветните мерки за санкцинирање на напаѓачите и заканувачите, бидејќи неказнивоста претставува само поттик за понатамошни заплашувања и напади врз новинарите и медиумските работници.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.