fbpx

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан’.

„Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од буџетот повторно ќе ѝ бидат префрлени 0,8 отсто и според пресметките, нејзиниот буџет повторно би изнесувал околу 14,5 милиони евра. Според законското решение, буџетот на МРТВ требаше скалесто да расте, односно оваа година требаше да стигне до 0,9 отсто, а до година 1 отсто од буџетот на РСМ“, се укажува во соопштението на ЗНМ.

Од ЗНМ посочуваат дека со ваквата одлука се нарушува концептот на финансиска независност на МРТ, која е еден од двата предуслова за слободни јавни сервиси.

„Го потсетуваме Министерството дека нема дискреционо право да предвидува колку треба да изнесува буџетот на јавниот сервис и дека ова е пример за тоа како политиката директно влијае на начинот на работата на јавниот сервис преку неоправдано кратење на фондовите кои се предвидени со закон“, нагласуваат од ЗНМ.

Од ЗНМ бараат повлекување на решението за кратење на средствата наменети за МРТВ.

Од МИОА за „Мета.мк“ минатата недела изјавија дека владата одлучила средствата од државниот буџет да ги посвети на проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, и тоа во отсуство на стратешки документ со план за подобрување на состојбата и справување со големиот повеќегодишен долг на МРТВ.

Покрај проблемот со скратените средства од државниот буџет, од Здружението на новинарите потсетуваат и на нерешениот проблем со изборот на новите органи на управување на МРТВ.

„Свесни за потребата за реформи во МРТВ ги повикуваме власта и опозицијата да преземат одговорност и доследно да ги спроведат медиумските реформи пред распуштањето на Собранието. Со тоа ќе се овозможат услови за позитивни промени во јавниот сервис, што би било од полза за јавноста и целата медиумска сфера“, велат од ЗНМ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...