fbpx

ААВМУ: Не сме надлежни да го поништиме конкурсот за членови на Надзорниот одбор на МРТ

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вели дека нема надлежност да го поништи конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ, во време кога мандатите на членовите на Програмскиот совет се истечени, пишува Порталб.мк.

– Немаме надлежност да го поништиме конкурсот за избор на нови членови на Надзорниот одбор, тоа е надлежност на Програмскиот совет. Можеби реакцијата на ЗНМ се однесува на Програмскиот совет, а не на нас – изјави директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, за „Порталб.мк“.

Вчера, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор.

„Мандатот на Програмскиот совет истече во декември 2019 година и од тие причини сметаме дека е проблематично тие да избираат нови членови на Надзорниот одбор кој треба да врши контрола на материјалното и финансиското работење на јавниот сервис во идните години. Освен тоа што мандатот на овој состав на Програмскиот совет е истечен, дел од членовите имаат и конфликт на интерес според законот и ова претставува дополнителен проблем за одлуките на ова тело“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Од Здружението на новинари посочуваат дека со обидот за избор на нови членови на Надзорниот одбор на МРТ се прекршуваат и препораките на Советот на Европа, односно препораката број 96 која се однесува на гарантирање на независноста на јавните сервиси. Во глава три од оваа препорака, се вели дека членовите на Надзорните одбори потребно е да се изберат од тело предвидено со закон на начин со кој ќе се избегне ризик од политичко или друго влијание.

Како и во неколку наврати досега, ЗНМ потсетува дека членовите на Комисијата за избори и именувања во Собранието мора да најдат заеднички јазик и да ги изберат новите членови на Програмскиот совет на МРТ. Изборот на нови членови е блокиран речиси една година.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...