fbpx
Македонија Медиумска опсерваторија

Медиумска опсерваторија

Доделени новинарските награди „Никола Младенов“

Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“. Втората награда...

Според мониторингот на АВМУ засега телевизиите не го прекршуваат Изборниот законик

Мониторингот на медиумите во предизборието кој го врши АВМУ, покажал дека во периодот од 15 февруари до 7 март 2024 година немало прекршување на Изборниот законик. Како што велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со мониторингот биле опфатени девет национални телевизии -...

ЗНМ и АВМУ реагираат на вулгарниот говор на Апасиев кон ТВ Канал 5

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2 март, меѓу другото, Апасиев го истакнува и следното: „Од сите...

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Амбасадорот на Европската Унија во С.Македонија Дејвид Гир, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаи и заменикот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Марио Де Роза денеска ја посетија Фондацијата Метаморфозис, по последните напади...

Репортери без граници: МВР да ги истражи нападите кон „Вистиномер“

Организацијата „Репортери без граници“ денеска преку социјалната платформа X (поранешно Твитер) изрази поддршка за новинарите и вработените во „Вистиномер“ и ја повика македонската полиција да спроведе истрага. Реакцијата следува откако на социјалните мрежи започнаа напади и закани врз новинарите на „Вистиномер“, од Фондацијата Метаморфозис,...

АВМУ ги осуди навредите од Ковачевски за медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се огласи со остра осуда на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија. АВМУ алармира дека...

ЗНМ: Реакција до претседателот на Собранието за непринципиелен третман кон странските новинари на сметка на домашните

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески. По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот...

ССНМ: МПЦ-ОА да не создава паралелен судски систем за новинарите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги толкува како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со главниот и одговорен уредник на порталот religija.mk, Марјан Николовски. ССНМ смета дека...

Најголем број од новинарите и медиумските работници во земјава заработуваат потпросечни плати

Најголем број од новинарите и медиумските работници за својата работа примаат надомест под просечната плата во државата, покажа истражувањето кое е изработено од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот Ресис, а е поддржано од ЕУ, пишува Вистиномер.  Притоа, 55 отсто од...

ЗНМ и ССНМ: Новинар и снимател на „Алсат“ спречени да ја вршат својата работа во Чашка

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била спречена да ја врши својата работа за време на протест во Општина Чашка, реагираа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Протестот пред општината бил против воведување паралелка на албански...

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарката Душица Мрѓа

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа од телевизија 24 вести, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во...

ЗНМ и УНЕСКО со анализа „Како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPP)?”

Најчести тужители при „SLAPP” односно стратешките тужби против учеството на јавноста, се државни субјекти и политичари, како и претставници на бизнис секторот, се кажа денеска при презентација и анализа на темата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и УНЕСКО. „Здружението на новинари на Македонија...

Опасното трио: Медиуми – вештачка интелигенција – дезинформации

Како што генеративните алатки за вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пософистицирани, расте и стравот дека голем број професии можат да бидат загрозени, а се зачестуваат и дискусиите во однос на заштитата на релевантните информации, наспроти дезинформациите и манипулациите кои можат да бидат генерирани со...

Краткиот пат на една лажна вест – долг пат на еден општествен хаос

Publish („објави“) е копчето кое е најлесно да се притисне. Да се притисне е лесно, но дали се исто така лесни и последиците што тоа може да ги донесе? Доволни се пет зборови кои ќе ја привлечат публиката и текст од десетина реда кои...

ДЕБАТА: Српските таблоиди и дезинформациите најголем проблем за новинарите од Западен Балкан

Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само дел од темите на кои два дена се дебатира на регионалниот состанок на саморегулаторните тела од Југоисточна Европа што се одржува во Белград. Новинари, медиумски работници, професори, експерти...

Утре почнува седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Од 21 до 23 ноември ќе се одржи седмиот Медиумски фестивал Скопје, кој годинава ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба. Содржините и на ова фестивалско издание се бесплатни за сите заинтересирани лица. Трите фестивалски дена носат интересни дискусии,...

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)...

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо...

ЗНМ и ССНМ утре со протест поради срамната пресуда против новинарите на ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утре (петок, 17 ноември), со почеток од 11 часот, ќе организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, за да реагираат против срамната пресуда против новинарите на ИРЛ, во чие...

ССНМ: Судот не смее да кажува кој е новинар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество. „Со оваа пресуда која...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...