fbpx
Македонија Страница 1943

Македонија

Промоција на „администрација.мк“

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде промовиран веб-порталот „администрација.мк“. Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет-простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе биде претставен од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Министерот за одбара на Хрватска во посета на Македонија

Bо дводневна посета на Република Македонија ќе допатува Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, заедно со делегација од Министерството за одбрана. Тој ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Во рамките на посетата, министерот Котромановиќ ќе гi...

Два земјотреси синоќа во Македонија

Во 18.40 часот, вчера, два земјотреса со слаб интезитет беа почувствувани во Скопје и во северозападниот дел на земјата. Во разлика од една секунда, со силина од 3,9 и од 4,6 степени според Европската сеизмолошка скала, на територија на Македонија, близу до Тетово или 33...

Студентите в среда ќе го прогласат универзитетот за автономна зона

Одложувањето на примената на членовите од законот беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование, пишува на настанот кој го креираше „Студентски пленум“ на социјалната мрежа „Фејсбук“. - Ветувања чувме, но немаме...

Денеска ќе врне снег

Денеска во Македонија времето ќе биде облачно, со врнежи од снег во повеќето делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од -4 до 3 Целзиусови степени, а дневната од нула до 8 степени. Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува...

Уште двајца уапсени во акцијата „Пуч“

Двајца се уапсени попладнево во продолжение на акцијата „Пуч“. Според информациите од МВР, едниот уапсен е вработен во министерството, на возраст од 52 години, а вториот е 49-годишно лице, поранешен вработен во полицијата, кој во 2013 добил отказ. Според досега документираните сознанија, двајцата биле ангажирани и работеле во...

ВМРО-ДПМНЕ: По секоја деструктивност, СДСМ паѓа посилно на земја

СДСМ само нека продолжи да се занимава со своите квинслиншки политики спротивни на интересите на граѓаните и со манипулации со монтирани афери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Петре Шилегов. „Ако СДСМ не може да види, ние знаеме дека надвор од политиканството...

Иванов: Да се почитува меѓународното право и за Македонија

Општа оцена е дека постои огромна загриженост, пред сè, за состојбите во Украина. Тоа носи многу емоции, како што се виде во излагањата на учесниците, а се чувствува и вознемиреност на 51. Минхенската безбедносна конференција, каде на еден од најзначајните глобални форуми, се расправа...

Шилегов: Груевски е во паника

„Почна капитулацијата на власта за погрешните политики на Никола Груевски и на неколкумина околу него, со кои го урниса државниот систем. Секој ден самата власт се враќа по чекор назад за сопствените потези што грчевито ги туркаше, газејќи и Устав и закон и став на...

Ќе се менува законот за хонорарци

Предлог за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе достави до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање придонеси...

Вранишковски на гости кај рускиот патријарх г.г. Кирил

На покана од патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил, од денеска Јован Вранишковски ќе претстојува во Санкт Петербург. За сето време, стои во соопштението, ќе биде официјален гостин на рускиот патријарх. Руската и Српската православна црква ја поздравија одлуката за ослободуваање на Вранишковски, кој беше...

Почина новинарот и хуманист Стојан Тренчевски

Стојан Тренчевски, новинар, публицист и хуманистот, почина денеска. Неговите книги „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детсвото на Мајка Тереза“ и филмот „Мајка“, се преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик. Погребот ќе се одржи утре, во 12.30 часот, на...

Поради дисциплински прекршоци, парично казнети 38 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 38 вработени изречена им е парична казна, за еден вработен е запрена постапката, а на еден вработен му е...

Минатиот месец „алфите“ привеле 265 лица

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, при вршење редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1.220 лица,  преглед на 276 луѓе, а на различни основи биле приведени вкупно 265 лица. Според МВР, припадниците на единицата „Алфа“ на основа на телеграма привеле...

Стартува апликацијата „Црвено копче“ за интернет-пријавување кривични дела

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со практична имплементација на новиот проект „Ред батон“, или „Црвено копче“, апликација која изминатиов период беше дизајнирана и подготвена за официјалната веб-страница на министерството, www.moi.gov.mk Со оваа сега веќе функционална апликација на официјалната веб-страници на МВР, им се...

Поплавите се смируваат, ама донесоа одрони на патиштата

Надојдените води во кумановскиот регион, синоќа предизвикаа излевање на речните корита на Кумановка, Којнарка и на Пчиња, a водата поплави мал број домови на локалитетот Средорек, Проевце и Табановце. Во општина Новаци, во текот на денешниот ден се работи на изведба на заштитен насип во...

Јолевски: Македонија е докажан партнер во воспоставувањето на глобалниот мир

Македонија што поскоро треба да добие покана за полноправно членство во НАТО, со што значително ќе се влијае на зачувување на мирот, демократијата и на просперитетот во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, порача министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на средбатa во Вашингтон со Саманта...

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува на корисниците на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побргу ги поднесат...

Пешевски, Самак и Мизо на бизнис-форум во Њујорк

Економска делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, учествуваше на бизнис-форум во Њујорк, каде беа презентирани поволните услови за...

Вардар се излеа во Гевгелиско, сообраќајот во прекин

Реката Вардара се излеа во Гевгелиско. Сообраќајот на патниот правец Р1401, кај клучката Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевањето на водата на сообраќајницата.

Утре се прегласува на седум избирачки места

По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во...