fbpx

Иванов: Да се почитува меѓународното право и за Македонија

-

Општа оцена е дека постои огромна загриженост, пред сè, за состојбите во Украина. Тоа носи многу емоции, како што се виде во излагањата на учесниците, а се чувствува и вознемиреност на 51. Минхенската безбедносна конференција, каде на еден од најзначајните глобални форуми, се расправа за прашања од безбедноста, но и за сите прашања кои се предизвици на нашето време.

Ова го истакна претседателот Иванов, кој изминатите три дена, придружуван од министерот за надворешни работи, Попоски, учествуваше на 51. Минхенска безбедносна конференција.

Тој додаде оти Минхенската конференција е позната како форум на кој секогаш се настојува преку дијалог и на мирен начин да се решаваат конфликтите кои постојат и да се спречат други.
Истакнувајќи дека конференцијата е можност за средби со многу лидери, експерти и со други луѓе што носат одлуки во сферата на безбедноста, претседателот Иванов информираше дека сите негови досегашни учества на оваа конференција, вклучувајќи го и годинешното, ги искористил за размена на мислења, контакти и за средби со сите оние што на некој начин се поврзани со нашиот регион.

На билатералните средби во Минхен, македонскиот претседател укажа состојбата со интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО, бидејќи, како што рече, „можевме да слушнеме дека најчесто се повикуваат на почитување на меѓународното право“.

– Укажав дека тоа е и нашиот проблем што го имаме со нашиот сосед, затоа што отсуствува почитувањето на меѓународното право и веќе донесените договори кои постојат. Укажав и на тоа дека Македонија долго време е блокирана поради непочитувањето на меѓународното право од нашиот јужен сосед и оти за нас треба да важат оние позитивни искуства што ги имаме во нашиот регион за паралелно движење на процесот на преговарање за членство во ЕУ, кој го трансформира нашето општество – изјави претседателот Иванов.

Тој појасни дека сите земји од нашиот регион ги трансформираа своите општества и сите нивни институции се прилагодени на европските стандарди и принципи, односно се менува целиот амбиент.

– Токму тоа е она што нас ни недостига и поради блокадата ги гледаме и актуелните состојби кај нас во земјата и до каде сето тоа води – рече претседателот Иванов, додавајќи дека неговите соговорници покажале интерес за сè она што е закана за нашиот регион, како што се тероризмот и странските борци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...