fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: По секоја деструктивност, СДСМ паѓа посилно на земја

-

СДСМ само нека продолжи да се занимава со своите квинслиншки политики спротивни на интересите на граѓаните и со манипулации со монтирани афери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Петре Шилегов.

„Ако СДСМ не може да види, ние знаеме дека надвор од политиканството и од игрите на СДСМ постои и реален живот. Луѓето во Македонија секој ден одат на работа, чесно заработуваат плата, земјоделците одат на нивите, луѓето ги праќаат своите деца на училиште, се соочуваат со временски непогоди, го градат својот живот и иднината на своите деца. Еве, ова СДСМ не може да го види затоа што е отруена од омраза и од болна желба за власт. ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и своите политики ги прави во насока на реалните потреби на граѓаните. СДСМ и досега водеше деструктивна политика со навреди, закани и со храбрења на своето членство, но по секоја таква епизода удира уште посилно на земја. Граѓаните на избори го кажуваат своето. Тие знаат да ги препознаат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, нашата посветеност да работиме на предизвиците и на потребите на граѓаните. Ние нашата политика ја водиме во интерес на граѓаните и не се занимаваме со сплеткарења и со слугување на туѓите интереси, како што тоа го прави СДСМ“. се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...