fbpx

Стартува апликацијата „Црвено копче“ за интернет-пријавување кривични дела

-

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со практична имплементација на новиот проект „Ред батон“, или „Црвено копче“, апликација која изминатиов период беше дизајнирана и подготвена за официјалната веб-страница на министерството, www.moi.gov.mk

Со оваа сега веќе функционална апликација на официјалната веб-страници на МВР, им се овозможува на граѓаните преку интернет-страницата на МВР и електронски да пријават одредено дело, сознание или информација кои се однесуваат на областите на злоупотреба на деца, трговија со луѓе и криминал од омраза, односно повикување на насилство.

Пријавувањето на апликацијата „Црвено копче“ на кое било од посочените кривични дела не мора да биде само од страна на жртвата, туку и од страна на некој што има какви било сомнежи или информации за случајот, и при тоа пријавите може да се доставуваат и анонимно, односно без да се открива идентитетот на пријавителот. Бидејќи станува збор за исклучително сериозни сомневања, секоја намерна злоупотреба на апликацијата ќе биде дополнително истражена и соодветно санкционирана. За секоја од областите, апликацијата нуди детални објаснувања за опфатот и за описот на кривичните дела, а користењето е максимално поедноставено.

Во однос на злоупотребата на деца, апликацијата нуди можност да се пријавуваат конкретни случаи на злоупотреба или случаи на злоупотреба на интернет. Во зависност од пријавеното, информацијата од граѓаните веднаш ќе биде доставена на постапување во соодветната организациска единица на МВР. Во согласност со Законот за правда за децата, дете е секое лице на возраст до 18 години, а децата-жртви уживаат засилена заштита и поддршка и со нив се постапува со почитување на нивното достоинство.

Во согласност со Кривичниот законик, забранети се полови дејства со дете што не навршило 14 години, наведување дете на вршење полови дејства, наведување, поттикнување или посредување на дете заради вршење проституција, прикажување порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување и закажување средба со дете кое не навршило 14 години по пат на компјутерско-комуникациски средства, физичко и психичко малтретирање дете, запоставување и економско искористување дете, напуштање дете со цел негово трајно ослободување, формирање вонбрачна заедница со дете и точење и продавање алкохолни пијалоци на дете.

Во однос, пак, на пријавувањето случаи со трговија со луѓе проектот опфаќа повеќе сегменти: подобрување на системот на идентификација преку подготвување стандардни оперативни процедури за идентификација и за постапување со потенцијални жртви на трговија со луѓе помеѓу илегалните мигранти и подготвување индикатори за идентификација на жртви на трговија со луѓе и на деца по видови на експлоатација; воспоставување централизирана интерна база на податоци за лица-жртви и за стoрители на трговија со луѓе заради зајакнување на системот за одговор на институциите во случаите на трговија со луѓе и подготвување програма за помош и за поддршка при реинтеграција на жртви на трговија со луѓе и на деца.

Последниот сегмент од апликацијата „Црвено копче“ се однесува на пријавувањето криминал од омраза и повикувањето на насилство. Со оглед дека ова е понова област, од МВР ги информираат граѓаните дека во согласност со законите, тоа е криминал мотивиран од нетолеранција кон одредени групи во општеството, заснован на предрасуди.

Со воведувањето на можноста за интернет-пријавување, не престанува досегашната практика на користење на телефонската линија 192, односно таа и понатаму останува отворена за постојан контакт со граѓаните, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...