fbpx
Македонија Страница 1942

Македонија

Одбележани 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска, делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и од претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќиња на гробот на нашиот великан Гоце Делчев, во Црквата „Св. Спас“ во Скопје. Во Црквата „Св.Спас“ беше одржана панихида на Македонската православна црква,...

Охридско Езеро исфрли огромни количества отпад

Огромни количества пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад, подигнаа во изминативе два дена екипите на ЈП „Охридски комуналец“. Се проценува дека Охридско Езеро од своите длабочини исфрлило најмалку 30 кубни метри отпад, по должината на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот...

За да се спречи поплавување на Новаци, ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК

Со дозвола на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, намерно ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата што се заканува да го поплави цело село Новаци. - Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го...

Битолски наставници: Кој направи пуч со прекинот на штрајкот?

Кој го направи пучот во штрајкот на СОНК е главната дилема на дел од битолските наставници, по прекинот на штрајкот. Наставници од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кои од првиот ден на штрајкот беа стопроцентно солидарни, денеска се револтирани поради неодговорените прашања...

Владата ќе решава за ДДВ од хуманитарната помош за поплавите

Ако се јавите на телефонските броеви за донирање средства за граѓаните од поплавените подрачја во Македонија, телефонскиот оператор ќе ви земе 118 денари. Од нив 100 денари се за донацијата, а 18 денари се за ДДВ, кој изнесува 18 проценти. Граѓаните се револтирани поради тоа...

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци. Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на...

ССНМ контра Обвинителството: Новинарите имаат обврска да откриваат информации

Самостојниот синдикат на новинари ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното јавно обвинителоство дека „објавувањето материјали што може да станат предмет на понатамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. „Новинарите кои ќе дојдат до материјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно...

Во неколку струшки села воведена забрана за употреба на водата од водовод

Регионалниот центар за јавно здравје со седиште во Охрид, континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и на Дебар. Контролата е особено засилена од почетокот на обилните врнежи од дожд и од снег, кои го зафатија регионот на Охрид...

Иванов го разреши заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го разреши заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили. Според „Алсат-М“, револтот кај вработените Албанци во Агенцијата за разузнавање е голем и тие не ја прифаќаат одлуката на претседателот за разрешување на заменик-директорот. Ваквиот потег на Иванов се доживува...

Облачно време со врнежи од дожд и од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Во западните планински предели се очекуваат врнежи од снег, а снежната покривка ќе достигне висина поголема и од 20 сантиметри. Во котлините се очекуваат врнежи од дожд и од снег, но со послаб интензитет. Во текот на денот...

СДСМ: Јавното обвинителство со соопштението потврди кривично дело

Јавното обвинителство (ЈО) со кусото соопштение, за кое му требаше цел ден, потврди кривично дело во случајот со објавениот видеоматеријал на телевизија „Сител“, од разговор во четири очи помеѓу Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во кабинетот на премиерот, реагираа од опозициската...

МОН и СОНК се договорија, штрајкот прекинат

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа заемно прифатлива спогодба во однос на сите отворени прашања, потврдија и од Синдикатот и од Министерството. „Врз основа на заемно прифатената спогодба, одлуката за генерален штрајк на...

Обвинителството ќе проверува како протеклa видеоснимката, другите материјали од „Пуч“ забранети

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во сопштение вели дека во согласност со своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и со околностите под кои материјалите од средбата помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и лидерот...

„Студентски пленум“: Можна е окупација, дијалог или и двете истовремено

Претставниците на „Студентски пленум“ на вечерашниот генерален пленум, кој се одржа на Архитектонскиот факултет, расправаа за следните свои чекори во врска со измените на Законот за високо образование. На дневен ред имаше три предлога: да се оди на работна средба со Министерството за образование...

ФФМ ќе донира за настраданите во поплавите

Фудбалската федерација на Македонија ќе донира вода за пиење и средства за хигиена, по апелот на Црвениот крст на Македонија, за да им помогне на настраданите од поплавите во источниот регион, кој е зафатен од поплави со излевање на реки во неколку реони, пренесе „Спортмедиа“. ФФМ...

Шилегов: Доказите смееме да ги објавуваме, сè уште нема истрага

Сè уште не е ниту почната истрага за лидерот н СДСМ, така што сите што кажале дека не смееме да ги објавиме доказите, само прават спин, одговори Петре Шилегов на новинарското прашање за тоа дали СДСМ смее да ги објави доказите. Значи, таму нема ни почната истрага,...

УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари. „Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот...

Попоски: Да ја искористиме целата енергија во ЕУ-интеграцијата

Да ја искористиме целата енергија во ЕУ-интеграцијата, да покажеме сериозност и да бидеме над дневните препреки, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - ЕУ-интеграцијата е најважна цел на Македонија околу која треба сите да бидеме сплотени. За Македонија ќе биде многу корисно да потроши...

Иванов ги посети поплавените подрачја во Пелагонија

Претседателот  на државта, Ѓорге Иванов, денеска ги посети поплавените подрачја околу Црна Река во Пелагонија, како и селата Тројкрсти и Лознани. Припадниците на АРМ, вработени во јавните претпријатија од Прилеп и во Противпожарната единица поставуваа вреќи со песок како заштита по најавата за нови дождови.

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против Никола Груевски

Кривична пријава за Никола Груевски за неовластено прислушување и снимање ќе поднесе СДСМ, рече Петре Шилегов, портпаролот на партијата, на денешната прес-конференција. - Според Кривичниот законик, неовластено прислушување и снимање не е дозволено, што значи Груевски го прекршил законот. Ако постоеле посебни истражни мерки, сторено...

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...