fbpx
Македонија Страница 1940

Македонија

Собрани повеќе од три милиони денари за поплавените региони

Преку мобилните телефонски броеви за донирање 070/075/077 143 400 се обезбедени вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија. „Дистрибуирана е хуманитарна помош во 255 пакети храна, 1.229 пакети за хигиена, 1.000...

Пленумците на итна средба во кабинетот на Груевски

Премиерот Никола Груевски ги повикал студентите и професорите на вонредна средба, која почна во 12.30. Од „Студентски пленум“ велат дека инцијативата на премиерот Груевски им била соопштена на работната група на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, која имаше средба утринава во 9 часот и на која...

На телата на загинатите во Богданци ќе се врши ДНК-анализа

На телата на тројцата работници што вчера ги загубија животите во хаваријата во фабриката „Балкан гасови“ во Богданци, ќе се врши ДНК-анализа за да се утврди нивниот идентитет, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека Основното јавно обвинителство Гевгелија наредило обдукција на телата, која била извршена...

Хонорарците порачаа: Ќе се видиме пак на петок 13-ти!

Стотина хонорарни работници се собраа денеска пред Министерството за труд и социјална политика да поднесат барања за пристап до информации од јавен карактер и прашања за нелогичностите од новите законски измени, со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарните работници. - На оваа акција го...

САД го поддржуваат членството на Македонија во НАТО

Македонија е подготвена веднаш да ги преземе обврските што произлегуваат од полноправното членство во НАТО, рече синоќа, во Стејт департментот, министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, на состанокот со заменик-помошникот на секретарот за Европа и за Евроазија, Хојт Ји. На средбата, како што се наведува во...

„Блиц“: Хајка против Србите во Македонија

Ултрадесничарската партија ВМРО-НП почна хајка против Србите во Македонија, пишува српскиот весник „Блиц“. Билбордите со пораки „Стоп за српската асимилација на македонската нација“, како и фејсбук-групата „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“, според „Блиц“, претставуваат јасни антисрпски пораки кои имаат цел да...

Прекинат сообраќајот на повеќе патни правци низ Македонија

Поради големи одрони од камења, сообраќајот е целосно прекинат на патниот правец Кочани – Македонска Каменица и се пренасочува преку Виница – Берово и Делчево, инфромираат од АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, поради голем одрон, се одвива по една коловозна лента, а...

Иванов на безбедносна конференција во Минхен

Претседателот Ѓорге Иванов, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска до недела ќе учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција. Во фокусот на конференцијата оваа година ќе бидат борбата против тероризмот, нерешените конфликти во Европа, со акцент на Украина, состојбата на Блискиот Исток,...

Небото пак се отвори, Армијата дојде на помош во Пелагонија

Пороен дожд од утрово врне во битолско-пелагонискиот регион. Новите врнежи се уште поголема опасност за поплавената општина Новаци. Надлежните преку цела ноќ ги зајакнуваа насипите за Црна Река да не го поплави целото село Новаци. На помош во Пелагонија пристигаа војници на АРМ и пожарникари...

УКИМ и Амбасадата на РФ ја одбележуваат соработката

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација, организира настан во знак на придонесот на меѓусебната соработка и развојот на образованието и науката. Во соопштението на УКИМ се наведува дека откривањето плочка на спомен-плочата на донатори и на...

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд и од снег на планините. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура...

Заев за БИРН: Ако не успее „бомбата“, ќе си заминам

Доказите и материјалите од „бомбата“ кои лидерот на опозицијата ги најавува, ќе почнат да се објавуваат во јавноста од почетокот на идната недела, вели Зоран Заев во интервју за „Балканската репортерска истражувачка мрежа“(БИРН). „Штом ќе бидат донесени одлуките, раководството на партијата очекува и неколку други...

Поплавите предизвикаа политичка бура во битолскиот Совет

Поплавите во Пелагонија предизвикаа вистинска политичка бура на денешната седница на Советот на Општина Битола. Двете главни прашања на кои спореа советниците од власта и од опозицијата беа кој е виновен за оваа катастрофа што им се случи на пелагониските села и на полето,...

Европските социјалисти на „кризна средба“ со Шекеринска во Брисел

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со претставници на сестринската партија во Европскиот парламент (ЕП), групата на социјалдемократите, и со нивниот координатор за надворешни работи, Ричард Ховит. Европските социјалисти денеска одржаа „кризна средба“ за случајот „Пуч“ во присуство на Шекеринска. - Тешко...

Хонорарците ќе протестираат утре во 11 часот

Утре, со почеток во 11 часот, пред Министерството за труд и социјална политика ќе се одржи протестот на хонорарците. Според организаторите на настанот, планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на...

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“. Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни...

Се зголемува бројот на заболени од грип

Во текот на петтата недела од 2015 година (од 26 јануари – 1 февруари), во Република Македонија се пријавени 1.649 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што во однос на минатата недела претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26,8 проценти. Во споредба со бројот...

„Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите. „Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства...

Министерството за транспорт продава земјиште на Кале за 100 евра од квадратен метар

На скопското Кале е огласено за продажба земјиште со почетна цена од 100 евра за еден квадратен метар, за изградба на објект во барокен или во неокласицистички стил, изјави градоначалнникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. - Владата го продава она што не е...

Се продолжи рокот за воведување ГПРС-уреди во такси

Се пролонгира рокот за инсталирање фискални апарати со ГПРС-уред за такси-превозниците. Рокот, во согласност со одлуката на Владата, за 9.000 автотакси-превозници се продолжува до 31 декември 2015 година. Рокот за сите други обврзници за да инсталираат вакви уреди беше до 31 јануари 2015 година.