fbpx

„Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

-

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите.

„Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава.
Со таа цел, утре (петок, 6 февруари) со почеток во 10 часот, се организира акција која ќе се одвива на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.
Продукти кои се најпотребни: вода, средства за хигиена, конзервирана храна, чорапи и облека, ќебиња.
Ги повикуваме сите наши колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и да одвојат средства за да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани“, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...