fbpx

Европските социјалисти на „кризна средба“ со Шекеринска во Брисел

-

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со претставници на сестринската партија во Европскиот парламент (ЕП), групата на социјалдемократите, и со нивниот координатор за надворешни работи, Ричард Ховит.

Европските социјалисти денеска одржаа „кризна средба“ за случајот „Пуч“ во присуство на Шекеринска.

– Тешко да се има доверба во тоа дека на случајот се работи непристрасно кога најавата дојде од премиерот, а не од судските власти, што може да прејудицира за исходот на истрагата пред да биде завршена. Добив објаснувања од г-ѓа Шекеринска кои сугерираат дека споменувањето на странска влада било само обид да се заштитат домашните „шепкачи“ и дека документите покажуваат сериозен криминал на членовите на Владата. Не би требало ние да прејудицираме за работите, но мојата група изрази длабока загриженост дека обидите да се спречи известувањето за случајот може да биде протолкувано како обид да за прикривање. Најдобриот исход би бил да се објават што побргу сите наводи – изјави по средбата Ховит, кој е и поранешен известувач за Македонија во ЕП.

Ховит ја критикуваше и самата постапка против Заев.

– Користењето на фразата „државен удар“ и фактот што лидерот на опозицијата се соочува со можна затворска казна од четири години, дополнително му наштетува на веќе лошиот имиџ на државата – смета поранешниот известувач за Македонија.

Т.М.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...