fbpx

Прекинат сообраќајот на повеќе патни правци низ Македонија

-

Поради големи одрони од камења, сообраќајот е целосно прекинат на патниот правец Кочани – Македонска Каменица и се пренасочува преку Виница – Берово и Делчево, инфромираат од АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, поради голем одрон, се одвива по една коловозна лента, а на патот Македонски Брод – Скопје е воведена забрана за сообраќај за секаков вид моторни возила.
Прекин на сообраќајот има и на патните правеци Марвинци – Гевгелија поради излевање на Вардар на коловозот, пред село Новаци, поради висок водостој, и на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

Поради зголеменото ниво на Брегалица, превентивно е затворен и патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Поради свлечиште, во прекин е и сообраќајот на патот Киселица – Злетово, а возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е прекинат на магистралниот пат Радовиш – Струмица и се одвива преку село Подареш – Радовиш.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 20 метри има на патниот правец кон Попова Шапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...