fbpx
Македонија Страница 1884

Македонија

Сончево и потопло време

Времето денеска ќе биде сончево, со постепено наоблачување во попладневните часови. Максималната дневна темепература ќе се искачи до 14 Целзиусови степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и ведро време, со максималната температура од 11 Целзиусови степени.

Што е „државна тајна“ и кој може да ја знае?

„Лицето З.З. презентираше детали од договор за донација кој е класифициран со најголем степен на тајност, односно „државна тајна“ со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија“. Вака МВР информираше дека почнало да работи на нова кривична пријава против Зоран Заев, која,...

Прегазено девојче на Партизанска

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Партизански одреди во Скопје, во која едно девојче загина. Имено, возач на автомобил со голема брзина се движел низ булеварот при што го прегазил девојчето. Улицата е целосно затворена.

Заменик-премиерот на Белгија в понеделник во Скопје

Во официјална посета на Македонија, в понеделник ќе претстојува заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. Тој доаѓа на покана од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен...

Иванов се сретна со Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ја посети Општина Пустец, каде имаше средба со Македонци во оваа општина. При престојот во Пустец, што е прва посета на претседател на Македонија во оваа општина, претседателот Иванов истакна дека само со иницијативи и со проекти за развој на туризмот,...

Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер, денеска им доделија сертификати на македонските полицајци кои цела недела учеа вештини за обезбедување важни личности од своите турски колеги. Јанкулоска им се заблагодари на турските колеги со кои соработуваат уште од 2007 година токму...

Археолозите не се криминалци: Петиција за поддршка на осудените колеги

Македонското археолошко научно друштво иницираше собирање потписи за поддршка на нивните седуммина колеги кои се осудени на вкупна затворска казна од 30 години. Во петицијата која е насловена „Археолозите не се крминалци“ пишува дека казните се премногу големи и невообичаени за нашето судство. „Системскиот проблем на...

По Велигден, битолскиот универзитет со нов ректор

По велигденските празници, почнува постапка за избор на нов ректор на битолскиот Универзитет „Св Климент Охридски“, потврдуваат од Ректоратот во Битола. Актуелниот ректор, Златко Жоглев, по два одработени мандата, веќе не може да биде на чело на овој универзитет, па изборот на прв човек на...

Активисти ќе им објаснуваат на граѓаните зошто треба да гласаат на референдумот за ГТЦ

Членовите на граѓанската иницијтива „Го сакам ГТЦ“ ќе организираат форуми, прошетки низ Градскиот трговски центар, изложби на стари фотографии за да допрат до секој граѓанин и да објаснат зошто е важно да излезат на референдум и да се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа...

Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, па да ме исклучува така

На иницијатива на основачите и на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, партијата од своето членоство го исклучила професорот Јове Кекеновски, јавува „Република онлајн“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, дисциплинската комисија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел, донела одлука за исклучување на Кекеновски...

Или преодна влада или ЕУ-гувернер до новите избори, предлагаат бриселски дипломати

Претставници на ЕУ ја обвинуваат Владата на Никола Груевски „дека ја води земјата кон катастрофа“ и ги повикуваат власта и опозицијата да седнат на преговарачка маса и да го спречат ваквото сценарио, јави „Еурактив“, интернет-страница што се фокусира на политиките на Европската унија. Дипломатите, како што наведува „Еурактив“,...

Од утре директен лет Скопје – Женева

Почнувајќи од утре, од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе има директен лет до Женева двапати неделно, во вторник и во сабота. Оваа директна линија се воведува како резултат на соработката меѓу „ТАВ Македонија“ и авиокомпанијата „Свис“ (Swiss). - Повторното воздушно поврзување на Скопје со Женева,...

„Хајат“ тврди: Лабуништа се претвора во депонија

Невладината организација Младински форум „Хајат“ од Струга, за утре закажа дебата на тема „Јас го сакам Лабуништа“. Според најавите, дебатата ќе ја отвори Рахим Исламоски, дипломиран инженер по информатички науки. Од невладината „Хајат“ истовремено алармираат за претворањето на Лабуништа во депонија. – Додека Велешта се асфалтира,...

Претседателот Иванов меѓу Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска, во рамките во дводневната посета на Република Албанија, престојува во Пустец и во Мала Преспа, на средба со македонската заедница од општина Пустец, единствената на Македонците во Албанија. Тоа е прва посета на највисоко ниво, од претседател на Република Македонија. Претседателот...

Рамадани на Денот на НАТО: САД да ни помогнат да излеземе од кризата

„Членството во НАТО бара коректност и политички дијалог од нашата земја во односот со НАТО, одговорно и посветено лидерство, донесување храбри одлуки. Ние имаме потреба од држава со поголеми слободи, каде ќе доминира владеењето на правото и на еднаквоста меѓу нашите граѓани“, истакна меѓу...

Средба Коѕиас – Попоски во вторник во Будимпешта

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на состанокот за енергетска сигурност, идната недела во Будимпешта. Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас, покрај со Попоски, ќе има средби со премиерот...

Три нови случаи на туларемија

Нови три случаи на туларемија вчера се потврдени со лабораториски наоди во Институтот за јавно здравје, соопшти денеска Министерството за здравство. Заболените, кои се на возраст од 19 до 37 година, се од скопската околина, еден е од општина Чаир, а две лица се од...

ОН: Во борбите во Јемен загинале 519 лица

Вкупно 519 лица загинале, а 1.700 се ранети во последните две недели во Јемен, каде Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе осум дена водат кампања на воздушни напади, соопшти Валери Амос, заменик на  главниот секретар на ОН. Амос рече дека е „крајно загрижена“ за безбедноста...

Пет земјотреси почувствувани во Дебарско

Три посилни земјотреси, проследени со уште два со послаб интензитет, утринава се регистрирани во дебарскиот регион. Првиот земјотрес бил почувствуван во 3.57 часот наутро, а вториот е регистриран 17 минути подоцна. Третиот земјотрес жителите на дебарскиот регион го почувствувале 6.55 часот изутринава. Албанските медиуми јавуваат дека епицентарот на еден...

Опремата за прислушување e јавна државна тајна!

Тито Петковски, поранешен претседател на Собраниската комисија за надзор над следењето на комуникациите, вели дека уште кога тој бил претседател на комисијата, јавна тајна било дека е набавена опрема за прислушување. Петковски вели дека речиси на ниту едно прашање што го поставил, а било поврзано со опрема...

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...