fbpx

Опремата за прислушување e јавна државна тајна!

-

Тито Петковски, поранешен претседател на Собраниската комисија за надзор над следењето на комуникациите, вели дека уште кога тој бил претседател на комисијата, јавна тајна било дека е набавена опрема за прислушување.

Петковски вели дека речиси на ниту едно прашање што го поставил, а било поврзано со опрема за прислушување или, пак, со дополнителни пари во буџетот на МВР или УБК, не му било одговорено, ниту на седница на комисијата или, пак, на пленарна седница.

Сепак, за каква опрема станува збор во снимките од разговорите што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев?

Дали се работи за опрема за прислушување, како што вели Заев, или, пак, за нешто друго?

– Во 2011 година, имаше дополнителни осум милиони евра во буџетот и иако неколкупати прашав која е намената на тие пари, добив одговор дека станува збор за класифицирана информација која единствено може да се каже на затворена седница за која треба да се согласат 82 пратеника, односно двотретинско мнозинство – вели Петковски.

Според него, опремата за прислушување се набавувала неколкукратно.

Поранешниот пратеник од опозцијата, Есад Рахиќ, вели дека не може да каже за некаква набавка на опрема во 2011 година бидејќи нема информации за такво нешто, но се навраќа на сомневањата кои во 2007 година ги предизвика енормното зголемување на буџетот на УБК, за околу 25 милиони евра.

– На собраниска комисија побаравме одговори од министерката за внатрешни работи да одговори зошто се префрлени толку пари на УБК. Инсистиравме да добиеме објаснување во Собранието и во надлежните комисии, но и по повеќе обиди, не добивме никаков одговор. Сомневањата беа дека парите се за опрема за прислушување. Мило ми е, но, во исто време, и ми е жал ако тогаш сум бил во право, а тоа сега се потврдува – вели Есад Рахиќ за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...