fbpx

Или преодна влада или ЕУ-гувернер до новите избори, предлагаат бриселски дипломати

-

Претставници на ЕУ ја обвинуваат Владата на Никола Груевски „дека ја води земјата кон катастрофа“ и ги повикуваат власта и опозицијата да седнат на преговарачка маса и да го спречат ваквото сценарио, јави „Еурактив“, интернет-страница што се фокусира на политиките на Европската унија.

Дипломатите, како што наведува „Еурактив“, сметаат дека политичките партии во Македонија веројатно нема да најдат начин за да се вклучат во конструктивен дијалог или во каков било дијалог.

Тие за „Еурактив“ наведуваат две можни сценарија за решавање на ситуацијата. Едното е формирање едногодишна преодна влада, која ќе подготви терен за фер избори, додека другото решение е назначување специјален претставник на ЕУ (гувернер) додека власта ја преземе демократски избрана влада.

Порталот наведува дека двајцата високи претставници, кои, како што пишува, „редовно придонесуваат во носењето одлуки на ЕУ за Македонија“, вчера дале изјави пред мала публика, но побарале да не бидат именувани за послободно да се изразат за ситуацијата.

 

Целосната информација за ставовите на дипломатите можете да ја прочитате на страницата на „Еурактив“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...