fbpx

„Хајат“ тврди: Лабуништа се претвора во депонија

-

Невладината организација Младински форум „Хајат“ од Струга, за утре закажа дебата на тема „Јас го сакам Лабуништа“. Според најавите, дебатата ќе ја отвори Рахим Исламоски, дипломиран инженер по информатички науки.

Од невладината „Хајат“ истовремено алармираат за претворањето на Лабуништа во депонија.

– Додека Велешта се асфалтира, Лабуништа се загадува. Шутот од стариот асфалт од Велешта заврши покрај патот за Лабуништа. Кој го сторил тоа? Зарем на некој Лабуништа му личи на депонија? Очекуваме надлежните институции да преземат нешто, очекуваме месната заедница на Лабуништа, како и Општината Струга да реагираат на ова – информираат од здружението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...