fbpx

Археолозите не се криминалци: Петиција за поддршка на осудените колеги

-

Македонското археолошко научно друштво иницираше собирање потписи за поддршка на нивните седуммина колеги кои се осудени на вкупна затворска казна од 30 години. Во петицијата која е насловена „Археолозите не се крминалци“ пишува дека казните се премногу големи и невообичаени за нашето судство.

„Системскиот проблем на несоодветни складишта во нашите музеи и недостигот од елементарни услови за правилно и за безбедно складирање на вредни артефакти, не се и не можат да бидат маскирани на овој начин. Општествената одговорност не може и не мора да има само лични имиња. Ве молиме, потпишете ја оваа петиција како поддршка за нашата молба за правда на нашите колеги и на нашата професија“, пишува на петицијата.

Освен петицијата, Македонското археолошко друштво, в понеделник во 11 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе зборуваат за пресудите на нивните колеги, лошите услови во институциите и неоодветните законски регулативи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...