Седуммината обвинети за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, Основниот суд Скопје 1 утрово ги прогласи за виновни и ги осуди на вкупна затворска казна од 30 години, пренесуваат медиумите.
На поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, му е одредена највисока казна од осум години и осум месеци, Златко Видевски доби шест години и осум месеци, Софка Кушовска е осудена на три години, златарот Часлав Кузмановиќ доби седум години и осум месеци затвор, Јован Кондијанов е осуден на три години, а Андреј Ежов и Дарко Кржовски се осудени на една година затворска казна, пренесува „Плусинфо“.
Според извештаите на медиумите, родините на обвинетите бурно реагирале на пресудата и тврделе дека случајот е монтиран.
Обвинетите се товареа за оттуѓување на културно наследство од особено значење за државата, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и за прикривање.
Во истрага за случајот и во текот на судскиот процес не беа идентификувани крадците на 166 артефакти, кои сè уште не се пронајдени.