Едно лице почина од повреди добиени во сообраќајна незгода што се случи утрово на патот Охрид – Лескоец, во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“.
Како што информираат од СВР Охрид, несреќата се случила околу 8 часот. Во моментот кога пешакот го преминувал коловозот, во него удрил автомобил.
На местото на несреќата веднаш по пријавата пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која само ја констатирала смртта на пешакот.
Екипи од крим-техника и од сообраќајната полциција во Охрид и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата и наскоро ќе бидат соопштени повеќе детали.
В.М.