fbpx
Македонија Страница 1867

Македонија

Возила на ОБСЕ во Липковско

Две теренски возила на ОБСЕ во моментов се во Липковско. Иако полицијата им дозволила да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат бидејќи возилата не им биле блиндирани, јавува „Нова ТВ“. Дел од новинарските екипи, пред малку, полицијата ги спречила да продолжат кон...

Гошинце: Местенка, порака или тероризам?

„Крајно невообичаена ситуација, која изгледа и несериозно. Да не стануваше збор за државата, би било смешно“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, во врска со денешниот инцидент на караулата Гошинце, што Министерството за внатрешни работи (МВР) го оквалификува како „терористички напад врз државните институции“. - Во...

Манчевски и Милевски се сретнаа со Кадик

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, денеска се сретнаа со Даниел Кадик, директор на Фондацијата „Фридрих Ноиман“ за Југоисточна Европа. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација. Било заклучено дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското...

В четврток СДСМ ќе пука „бомба“ во Велес, а в сабота во Гостивар

СДСМ и неделава продолжува со објавување „бомби“ по градовите низ Македонија. Според сè уште неофицијални информации, „Вистината за Македонија“ ќе се чуе в четврток во Велес, а в сабота во Гостивар.

МВР: 40 лица ја нападнале станицата во Гошинце!

Институците на државата синоќа биле цел на терористички напад. Околу 2.30 часот, група од 40 лица ја нападнале полициската станица во Гошинце. Биле добро вооружени, со маскирни униформи со амблеми на УЧК и говореле на албански јазик, истакна помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво...

„Студентски пленум“: В четврток студените ќе маршираат заедно со средношколците

„Студентски пленум“ го поддржува маршот на средношколците и в четврток истовремено ќе одржи студентски марш, кој ќе почне во 12 часот на платото на УКИМ, а потоа ќе се упатат кон Владата. Таму ќе се сретнат со средношколците и заедно ќе маршираат кон Министерството...

ЕУ „длабоко загрижена“ за Македонија, се бара истрага за „бомбите“

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ усвои заклучоци во кои се изразува длабока загриженост за влошената состојба во Македонија, особено во областа на владеењето на правото, фундаменталните права и слободата на медиумите, кои се суштински вредности во срцето на ЕУ и на нејзината...

Полициската станица во Гошинце заземена од вооружени лица

Полициската станица во село Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица, пренесе „Фокус“. Според неофицијалните информации, вооружените лица влегле од Косово. Прес-конференција за овој настан е најавена во Министерството за внатрешни работи.

Охридските средношколци в четврток, дел од протестниот марш во Скопје

Средношколците од двете средни училишта во Охрид, „Свети Климент Охридски“ и „Свети Кирил и Методиј“, и оваа седмица го продолжуваат бојкотот на наставата, барајќи да се врати стариот модел на полагање државна матура и да се укине екстерното тестирање. Тие го почнаа бојкотот на...

Струга: Презентација на прекугранична програма на ИПА за Македонија и за Албанија

Локалната агенција за развој од Струга и „Еуропартнерс дивелопмент“ од Тирана, денеска ги презентираат резултатите од завршната конференција „Сино и зелено наспроти црно и сиво“. Проектот е дел од прекугранична програма на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Македонија и за Албанија за периодот од...

Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп

Дваесет и двегодишно момче утринава со камења и со лопата ги искршило речиси сите прозорци од приземјето на општинската зграда во Прилеп, пренесуваат медиумите. Инцидентот се случил околу 7 часот, кога момчето почнало со камења да го гаѓа објектот, а потоа зело лопата од еден...

Шефик Дураки: Револтиран сум од тоа како владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Начинот на кој владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ секако дека е една од причините на моето незадоволство, изјави за новинската агенција „Мета“, Шефик Дураки, заменик-претседател на разгранокот на ДУИ во Арачиново, кој во неделата си поднесе оставка на функцијата. - Коалициите се резултат на волјата на...

Денеска ќе се одржат три собраниски седници

Kомисиите за финансирање и буџет, за европски и за економски прашања ќе одржат седнци денеска во Собранието на Република Македонија. Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за безбедност на храна е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања. Членовите на Комисијата...

Сончево и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево со ветер. До крајот на денот ќе преовладува претежно ведро време. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Долж Повардарието се очекува максимална дневна темпаратура во границите од 14 до 18 Целзиусови степени. Во другите населени места низ земјава, максималната температура...

Грбот, државниот испит и уставните измени настрадаа од „бомбите“

Со обелоденувањето на „бомбите“ од СДСМ, некои проекти што Владата на Република Македонија ги планираше, па дури и ги промовираше, останаа недовршени. Прес-конференциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го окупираа целото внимание на Владата, премиерот Никола Груевски почна да ветува сè и сешто само да...

ВМРО-ДПМНЕ: Бранко Црвенковски нема морален кредибилитет да зборува за решенија

Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и на мрачните сценарија на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на Бранко Црвенковски. „Лицето Бранко Црвенковски, кому очигледно му здодеаја прошетките по Флорида...

Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!

Ако продолжат ниските температури, скопјани, кои се приклучени на парно греење, ќе се топлат до крајот на месецот. Диструбитерите од денеска не мора да чекаат температурата во 21 часот три дена по ред да биде 12 Целзиусови степени или пониска, туку можат уште истиот ден...

Коце Трајановски се сретна со Кадир Топбаш, градоначалникот на Истанбул

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска се сретна со градоначалникот на Град Истанбул, Кадир Топбаш. Топбаш на средбата истакнал дека овие средби ќе придонесат за подобрување на односите меѓу нас во економската, трговската и во културната сфера. - На средбата со градоначалникот Топбаш, договоривме неколку...

„Твитер“ и „Фејсбук“: Б.Ц. се јави, навистина се јави

По писменото обраќање на поранешиот лидер на СДСМ, на социјалните мрежи има лавина реакции. Дел од коменатрите се позитивни и го поддржуваат „враќањето“ на некогашниот лидер на најголемата опозициска партија, други, пак, го кудат. Еве дел од коментарите на „Фејсбук“ и на „Твитер“. Зоран Димовски:...

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Во Делчево, во Домот на културата АСНОМ, денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина пред граѓаните. На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров, и потпретседателот на Собранието на Република...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...