fbpx

Грбот, државниот испит и уставните измени настрадаа од „бомбите“

-

Со обелоденувањето на „бомбите“ од СДСМ, некои проекти што Владата на Република Македонија ги планираше, па дури и ги промовираше, останаа недовршени.

Прес-конференциите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го окупираа целото внимание на Владата, премиерот Никола Груевски почна да ветува сè и сешто само да ги пресретне прислушуваните материјали, а во заборав отидоа некои од најавуваните проекти.

  • Нов грб. На 6 декември 2014 година, Владата го усвои нацрт- законот за нов државен грб. По ова требаше да следува јавна расправа, која никогаш не се одржа. Според иницијативата, државен грб на Македонија ќе биде црвен лав во златно-жолт штит со круна во горниот дел, како и мурална круна во облик на тврдина. За да се промени симболот, потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и Бадентерово мнозинство.
  • Државен испит. Проектот на Владата за државен испит, иако беше бурно најавуван, а премиерот и Владата беа категорични дека ќе се спроведе без приговори, пропадна. По трите студентски протести и по бојкотот на наставата, Владата, сепак, попушти и го пресретна студентското движење. Министерството за образование го повлече законот и со студентите формираше работни групи за ново законско решение. Испитот ќе требаше да се спроведува во 2017 година, односно за студентите кои на универзитетите во земјава ќе се запишат во септември 2015 година.
  • Одземање на мандатот на опозициските пратеници. Во ноември минатата година, Собранието покрена иницијатива за почеток на процедурата за одземање на мандатите на опозициските пратеници од СДСМ и од неговата коалиција, за неоправдано шестмесечно отсуство од Собранието. Оваа иницијативан остана недовршена иако седницата за одземање на мандатите почна и е прекината со пауза, која трае до ден-денешен.
  • Уставни измени. Во јануари годинава беа планирани и уставни измени. Седницата почна на 20 јануари. Овие уставни амандмани предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на еден маж и на една жена, формирање финансиски зони, воведување уставна жалба, преименување на Народната банка во Банка на РМ. Седницата беше прекината на барање на пратениците од ДУИ и сè уште не е презакажана.
    За да станат составен дел од Уставот, секој од амандманите мора да добие двотретинска поддршка на поединечно гласање, односно 82 гласа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...