fbpx
Македонија Страница 1868

Македонија

Почна постапката за смена на ректорот Жоглев

Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ избира нов ректор. Вчера официјално почна постапката за избор на наследник на актуелниот ректор Златко Жоглев. - Ректорската управа и Универзитетскиот сенат одржаа редовни седници. Една од точките на дневниот ред беше отворање постапка за избор на ректор на УКЛО. Според актите...

Возилата запалени во Битола биле на активистка на СДСМ и на Грк

Битолчанката Јасмина Кочевска, активистка на СДСМ и сопственичка на „опелот“ што ноќеска беше опожарен, за „Мета“ вели дека е крајно вознемирена од инцидентот, особено зашто нејзиниот автомобил бил запален само пет минути откако нејзиниот син го паркирал пред зградата, во близина на Техничкото училиште. Синот на Кочевска...

Почнува прекуграничниот саем на ИПА во Струга

Прекуграничниот саем на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за добри практики и за правилно користење природни ресурси денеска почнува во Струга. На саемот ќе бидат претставени рачни изработки и традиционални јадења од пограничните општини од Македонија и од Албанија. Саемот претставува заокружување на проектот „Подобрување...

Регионална конференција за вработување

Дводневна регионална конференција за вработување денеска почнува во Скопје, а главни теми ќе бидат создавањето работни места за поттикнување еднаквост и просперитет. На конференцијата, која е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), ќе учествуваат стотина креатори...

Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Ашоа - Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен...

Села: Граѓаните не поддржуваат меѓуетнички тензии

Секое решение на политичката криза треба да дојде преку Собранието на Република Македонија, а не преку друг орган. Затоа треба да се седне и да се најде решение. Решението е да се направи техничка влада и аферата со прислушување да се искористи за да се...

Уште две возила ноќеска гореа во Битола

Ноќеска, околу 2.30 часот, на улица спроти Техничкото училиште во Битола, опожарени се два автомобили, марка „мазда“ и „опел астра“. Очевидци велат дека се слушнала силна експлозија и веднаш по неа уште една. Од СВР Битола го потврдуваат и овој инцидент, но повеќе информации најавуваат откако...

Заменик помошник државен секретар на САД во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, денеска ќе допатува на дводневна посета во Македонија. За време на посетата, Ји ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со народниот правобранител Иџет Мемети. Заменик помошникот државен секретар исто...

Сончево и топло, со температури до 24 степени

Сончево и ведро утро, а такви временски услови ќе се задржат во текот на целиот ден. Денеска дневната температура ќе достигне до 26, а утре и до 28 Целзиусови степени. Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 24 Целзиусови степени. Сончево и топло време е прогнозата и...

Историски чекор: Македонија и Грција ги разменија предлог-мерките за градење доверба

Грција и Македонија размениле предлог-мерки за градење доверба и во моментов тие се разгледуваат во Скопје и во Атина, потврдија за „Мета“ од македонското Министерството за надворешни работи. Иако сè уште не откриваат детали, од нашето МНР велат дека „откако двете страни ќе ги разгледаат...

Јанкулоска од Свети Николе: Наредбодавците на Заев сакаат да предизвикат страв кај граѓаните

Министерката Гордана Јанкулоска вечерва во Свети Николе го имаше првото појавување  пред граѓаните на партиска трибина,  откако СДСМ почна да објавува снимки од прислушуваните разговори. Снимките и потегот на СДСМ беа основата во нејзиниот говор пред „своите“. - Не случајно безбедносните служби се центарот на „бомбите“...

Ќе има трета рунда преговори во Брисел меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Заврши втората рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ во Брисел. По средбата беше објавено само кусо соопштение од европскиот посредник, европратеникот Едвард Кукан, во кое се потврдува дека ќе се одржи и трета рунда. Други изјави за јавноста нема. Непознато е за што...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со трибина во Свети Николе

Нова трибина закажа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, овојпат во Свети Николе, вечерва во 18 часот. Партијата како говорници ги најави членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Владимир Пешевски, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, и Сашо Стефановски, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување. Трибината ќе...

Средношколците во Штип се подготвуваат за матура, бојкот нема

Во сите средни училишта во Источна Македонија редовно се изведува настава, а почнаа и активностите со матурските испити. Во тек е оценувањето на матурските задачи. Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, потврдија дека математика ќе се полага и тоа во еден клас, со математичка...

Култниот „Дом на млади“ отвора Центар за неформално образование

Штипскиот „Дом на млади“ преку објавениот конкурс за деца кои сакаат да ги изучуваат уметностите, го официјализираше Центарот за неформално образование. Повикани се деца и млади кои сакаат да изучуваат драмска, музичка и ликовна уметност, како и литературно пишување и фотографија. Првпат во Штип...

Кирацовски: Чесните вработени во МВР да го расветлат случајот со опожареното возило

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска, на прес-конференција во Битола, побара од, како што рече, чесните вработени во МВР да го расветлат вчерашниот инцидент кога беше опожарено возилото на битолчанецот Марјан Јовановски, активист на СДСМ во Битола. Кирацовски вели дека јавноста во Битола со право...

На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово

Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа...

Средношколците што бојкотираат ќе мораат да одработуваат?

Средношколците од повеќе средни училишта веќе неколку дена ја бојкотираат наставата, а секојдневно, и покрај притисоците, на бојкотот се приклучуваат сè повеќе училишта. Како дел од пристисоците што им се прават на средношколците се и најавите од некои директори дека изгубените часови ќе мора да ги одработат...

РСБПС и МВР ја почнаа едукативната кампања „Недела на пешаците“

Во првото тримесечје од 2015 година, во сообраќајни незгоди во земјата животот го загубиле 23 лица, од кои седум биле пешаци, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната промоција на едукативната кампања „Недела на пешаците“, истакнувајќи го овој податок како главна причина...

Во ВМРО-ДПМНЕ е вистинската Антикорупциска!

Паралелно со антикорупционерите, кои денеска дадоа свечена изјава пред Трајко Вељаноски, функционира и партиска антикорупциска комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за која се вели дека е „Антикорупциска - вистинска“! Оттаму и сомнежите дали Државната комисија за спречување на корупцијата не е само параван за работата на комисијата...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...