fbpx

Денеска ќе се одржат три собраниски седници

-

Kомисиите за финансирање и буџет, за европски и за економски прашања ќе одржат седнци денеска во Собранието на Република Македонија.

Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за безбедност на храна е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог-закон за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се: предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ „Транспорт“ – АД Скопје, предлог-закон за користење и за располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за јавните набавки, сите во прво читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...