fbpx

Струга: Презентација на прекугранична програма на ИПА за Македонија и за Албанија

-

Локалната агенција за развој од Струга и „Еуропартнерс дивелопмент“ од Тирана, денеска ги презентираат резултатите од завршната конференција „Сино и зелено наспроти црно и сиво“. Проектот е дел од прекугранична програма на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Македонија и за Албанија за периодот од 2007 до 2013.

Целта на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во прекуграничното подрачје на Охридско Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот.

Презентацијата ги опфаќа резултатите на проектот и заклучоците од анализата „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридско Езеро како алатка за зачувување и за заштита на природните ресурси“.

Во неколку работни групи се разговара за можностите за соработка и за еколошките предизвици со кои се соочува регионот околу Охридско Езеро.

Работните групи се тематски – во областа на управување со шуми, води и со почва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...