fbpx
Македонија Страница 1841

Македонија

Седум дена на тешки инфаркти, жртви и нови искушенија

Изминативе седум дена  во Македонија настаните се редеа со интензитет невиден од 2001 година наваму. Во овие седум инфарктни денови, над Македонија се надвија многу воени, безбедносни, политички и терористички настани. Земјата повторно се врати и на страниците и во прилозите на светските медиуми како ударна...

Групата која 12 дена ја окупираше ИВЗ, го напушти објектот

Групата која 12 дена ја окупираше Исламската верска заедница, го напушти објектот на чело со скопскиот муфтија Шабани. Судот донесе решение со кое се бараше групата веднаш да ја напушти ИВЗ. Пред 12 дена, групата предводена од скопскиот муфтија и од неговиот секретар насилно ги зазедоа...

Свирежи и барања за оставки на протестите пред Владата

Со свирежи и со скандирања „Оставка“, „Долу диктатура“, „Нема правда, нема мир“, „Николче, диктаторче“, „Заедно сме посилни“, и денеска граѓаните и активистите протестираа на булеварот Св. Климент Охридски кај Владата. Протестот помина мирно, а стотиците насобрани со свирежи и со транспаренти го изразија незадоволството од полициската...

Заев: 4.600 граѓани сакаат да кампуваат пред Влада

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција на која ја објави  „32. бомба“, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека 4.600 граѓани кажале дека за нив протестот нема да заврши в недела и дека се спремни да кампуваат на улица. Заев истакна дека власта им прави опструкции...

Заев: Оваа власт работи на уништување на соживотот

На почетокот на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пушти разговор помеѓу Сашо Мијалков и соговорник на која се слуша славење, пукотници и химната на ВМРО-ДПМНЕ. Се слуша како Мијалков зборува со некого дека е во Долно Лисиче и му кажува дека има...

Три партии се приклучија на опозицискиот блок

Денеска на здружената опозиција ѝ се приклучија уште три партии, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, Обединети пензионери и граѓани на Македонија на Илија Николовски и Партија на економски промени 21. Сите ја потпишаа Декларацијата на граѓани на Македонија и ќе присуствуваат на протестот в недела....

Побегнатиот терорист Османи: Во Куманово се боревме за албанска држава во Македонија

Сулејман Османи, терористот кој ѝ избегал на полицијата еден ден по акцијата во Куманово, во интервју за косовската телевизија РТК изјавил дека целта на групата била создавање албанска држава во Македонија, по принципот на Република Српска во Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“. Според него, групата броела...

Прилепчани се подготвуваат за протестот в недела во Скопје

Голем број прилепчани најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш на „Граѓаните за Македонија“, в недела во Скопје, велат од општинската организација на СДСМ во Прилеп. Според Хари Локвенец, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. – Ги преземаме сите мерки...

Oфталмологот Ставриќ повторно осуден на една година затвор

Кривичниот суд на повтореното судење го прогласи Дејан Ставриќ за виновен за примање поткуп при посредување за добивање пензија, објави „24 Вести“. Основниот суд во Скопје по вторпат донесе идентична пресуда, откако Апелациониот суд ја укина првата пресуда и го врати процесот на повторно судење. Ставриќ ќе...

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. - Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс...

Денеска ќе се одржи средба меѓу лидерите на опозициските партии

Опозициските партии денеска во 12.30 часот во седиштето на СДСМ ќе одржат средба, соопштија од СДСМ. Либералната партија веќе објави дека нивниот претседател Ивон Величковски ја прифатил поканата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и се надева дека на средбата меѓу опозиционерите .ќе се разговара...

Нов текст во „Њујорк тајмс“: Малата Македонија се соочува со огромен скандал

„Њујорк тајмс“ во опширна анализа за Македонија со наслов „Малата Македонија се соочува со огромен скандал“, пишува за политичката и за безбедносната криза во земјава. „Некогаш гледана како блескава светлина меѓу поранешните комунистички држави, Македонија полека, во текот на последната деценија, се лизна во авторитарна власт...

СДСМ нема да кампува пред Владата по 17 мај

СДСМ нема да постави шатори пред Владата на Република Македонија, по протестите закажани за 17 мај (недела) во Скопје, дознава „Мета“ од извори од партијата. Според нашите извори, сепак, тоа не значи дека протестите ќе прекинат, напротив, тие ќе продолжат, но со послаб интензитет. Исто така,...

Детското одморалиште на Плачковица стана конгресен центар

Конгресен центар, кој ќе служи за практична настава на студентите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), беше отворен на планината Плачковица, близу Штип. Поранешното детско одморалише беше реновирано со средства од фондовите на ЕУ, преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Претходно, Владата на...

Блокирани улици и полициски возила во Куманово

Заради настанатата состојба, во Куманово има зголемо полициско присуство, изјави Иво Котевски на прашањето што се случува во овој град. Тој не сакаше да каже која е таа „настаната состојба“. Од синоќа кумановските медиуми јавуваат дека во градот е засилена безбедноста и дека се гледаат оклопни полициски...

„Фјучр ком 2015“ – работилница по повод Светскиот ден на телекомуникациите

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја организира работилница „Фјучр ком 2015“ (FutureCom2015) по повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество - 17 мај. На работилницата предавања ќе одржат професорот Јан Акјилдиз од американскиот универзитет „Џорџиа тек“ од Атланта, како и најдобриот млад...

Саем за деца и за семејство

Саем за деца и семејство од денеска до недела се одржува во „Сити мол“. Посетителите ќе имаат можност да се дружат со Трајче Георгиев и со „Златните славејчиња“, со живи рептили, да учествуваат во разни спортски активности. На настанот ќе настапат училишни хорови и други...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во текот на денот е можна појава на мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степани, а максималната ќе се искачи до...

Се зголемува бројот на странци кои ќе учествуваат на протестот в недела

Ричард Ховит, Кунт Фленкенштајн и Џакомо Филипе, генерален секретар на ПЕС, пратеници од Шведска и претставници на Социјалистичката партија во Финска, ќе бидат гости на СДСМ на масовниот граѓански протест кој е планирано да почне в недела, во 14 часот. Официјално од СДСМ велат дека нивните...

Демонстрантите порачаа: Нема да запреме додека не си замине владата на Груевски

Со свирежи и со извици „Нема правда, нема мир“, „Готов е“, „Долу диктатура“, „Николче диктаторче“, „Заедно сме посилни“, неколку стотини граѓани и денеска излегоа на мирен протест, на кој повторно побараа колективна оставка од премиерот Никола Груевски и од неговата влада. Протестите, кои се одвиваат...