fbpx

Свирежи и барања за оставки на протестите пред Владата

-

Со свирежи и со скандирања „Оставка“, „Долу диктатура“, „Нема правда, нема мир“, „Николче, диктаторче“, „Заедно сме посилни“, и денеска граѓаните и активистите протестираа на булеварот Св. Климент Охридски кај Владата.

Протестот помина мирно, а стотиците насобрани со свирежи и со транспаренти го изразија незадоволството од полициската бруталност и неправдата.

На транспарентите беше испишано „Збогум Никола“, „Оставка“ и „Протестирам“ на македонски и на албански јазик, „Една Тамара, еден Зоран, еден Институт за беолодробни заболувања кај дечињата – неизграден, многу мајки и ниеден Никола“.

По едночасовниот собир пред Владата, која и овојпат беше обезбедувана од полицијата, демонстрантите се упатија кон Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...