fbpx

Заев: Оваа власт работи на уништување на соживотот

-

На почетокот на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пушти разговор помеѓу Сашо Мијалков и соговорник на која се слуша славење, пукотници и химната на ВМРО-ДПМНЕ. Се слуша како Мијалков зборува со некого дека е во Долно Лисиче и му кажува дека има многу пукање, како да е војна. Вели дека тоа е „вмровска работа“ и ја пее на телефон со соговорникот песната „Бисер балкански“.

– Ова не е на Дивиот Запад, ова е Македонија. Ова е братучедот на Никола Груевски. „Калашниковите“ и истрелите се од државните органи, во рацете на паравоените структури на Сашо Мијалков, кои работат во интерес на Груевски – истакна Заев.

Во овие снимки, според Заев, се слушаат разговори кои индицираат како е нарушена стабилноста на Македонија.

– Ќе осветлиме уште една вистина. Немаме право да им ги криеме лицата на тие што се насилни од хир, мразат од нетрпеливост. Ќе чуете колку е сериозна ситуацијата во Македонија. Ќе чуете за недозволивите скандали во параполициските единици и дека не се знае кој командува со полицијата. Како што Груевски си го имал Урко, така Мијалков си го имал Утка, кој имал грб, па ниту Јанкулоска не можела да го среди – изјави Заев.

Во првиот разговор од вториот блок снимки од преслушувани разговори што денеска ги обелодени лидерот на СДСМ, Заев, Мартин Протоѓер ѝ кажува на Јанкулоска како некој истепал вратари во некоја дискотека. Јанкулоска го прашува дали некој знае за тоа. Протоѓер ѝ кажува дека „нашиот“ фатил некого од „волците“, го однел во тоалетот на дискотеката и го „здробил“. Во вториот разговор, Протоѓер ѝ раскажува на министерката за друг човек, кој шверцувал нафта, па наместо три тона, носел по пет тона.

Сашо Мијалков зборува со Јанкулоска и ја прашува зошто го спречува „човекот во Струга“. Таа му кажува дека Утка прави нереди во Струга и нејзе ѝ се јавиле од ОБСЕ да реагираат. Таа му кажува дека извадил оружје и се заканувал. Мијалков ѝ вели да ја остави работата и дека тој ќе командува. Јакулоска му кажува дека не сака да има ништо со Утка и дека не сака ниту телефон да му крева.

Никола Груевски на Миле Јанакиески му кажува дека пикирал некое земјиште спроти Бристол. Јанакиески му предлага друга локација. Тие разговараат за тоа колку ката треба да биде зградата. Потоа зборуваат за локацијата спроти Стара железничка станица. Груевски му вели да се распраша чии гласачи живеат тука за да може да дејствуваат без да изгубат од своето гласачко тело. Ако се „комуњари“, вели Груевски, да се земе паркчето и да се изгради некоја зграда за државна институција.

Мијалков ја прашува Јанкулоска за некој човек кој бил на Љубе (Бошковски). Зборуваат за Александар Панов, а Јанкулоска вели дека ќе го прераспредели некаде. Мијалков ѝ вели да му најде некое место најлошо во целото министерство. Јанкулоска му објаснува дека ако треба, ќе го прати и во Арачиново да работи.

Мартин Протоѓер и Јанкулоска зборуваат за Латас. Протоѓер се заканува дека ќе го убие затоа што „терал српска агенда“.

Протоѓер ја прашува Јанкулоска кога ќе дојде Божиновски зашто сакал да го посети во затвор, ама, ако било можно, камерата малку да била исклучена. Јанкулоска му кажува дека тој е умоболен човек. Протоѓер ѝ вели да се стави во притвор со некое „Циганче“ кое има хомосексуални склоности.

Јакулоска на Иво Котевски му кажува дека „Канал 5“ не си ја завршиле работата како што треба. Таа вели дека требало повеќе да се ангажираат со девојчето во Гостивар. Котески ѝ кажува дека Цаци била дежурна и дека треба да се направи тоа патетично. Според неговото мислење, од телевизијата не знаеле да си ја работат работата. Инсистира да се снима училиштето, да се земе изјава од психолог. Јанкулоска му објаснува дека требало да се направи како девојчето плачело и не можело ништо да каже. Котески вели дека гласачите нивни се Македонци и дека така треба и да се однесуваат. Тој ѝ вели на министерката дека би било добро и некој новинар да се истепа.

Јанкулоска го прашува Мијалков за систематизацијата. Мијалков ѝ вели дека кај него се сопира систематизацијата поради тоа што ја бараат од ДУИ. Јанкулоска му вели дека со нив еднаш треба да се реши. Му објаснува дека „Шиптарите“, кога и да ѝ бараат нешто, не им дава.

Јанкулоска зборува со Влатко Илиески и му вика дека се расправала со „Шиптариштата“. Таа му кажува дека многу ја нервираат. Тој ѝ кажува да не ги третира и ѝ кажува дека се случува „косоваризација“ на Македонија.

Протоѓер со Јанкулоска зборуваат за тоа дека нема соживот со „Шиптарите“. Јанкулоска му вели дека еднаш засекогаш треба тоа да се реши. Тој ѝ вели: „А војна да имаме?“

По презентацијата на аудиозаписите од преслушуваните разговори, Заев рече дека Никола Груевски мора да си оди и дека нема место за него.

– Никакво насилство не подготвува полицијата. Груевски, држиш невини луѓе и студенти во притвор, кои излегле на протест. Ти си Груевски креатор на безбедносната криза во Македонија. Оваа власт работи на уништување на соживотот. Почитувани граѓани, не подлегнувајте на црните сценарија што ги прави власта на Никола Груевски. В недела излезете на натпартиски протест да покажеме како се сака Македонија со срце. Ќе имаме масовен, мирен протест – изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се прават напори да се ангажираат превозни средства и покрај опструкциите со кои се соочуваат. Тој додаде дека се преговара и за вагони за да може да се донесе народот што изразил желба да присуствува на протестот в недела. Тој вели дека ако треба со камиони, багери и со трактори, ќе дојдат граѓаните.

– Опозицијата прави сè протестите да бидат ненасилни и мирни. Сите членови на СДСМ добија задача да снимаат чекори на насилство. Огромна бројка млади луѓе ќе бидат тампон-зона помеѓу граѓаните и полицијата. Во исто време, 4.600 активисти сакаат да спијат пред Владата. Одлуката е – остануваме до крај, додека Груевски не даде оставка. Ќе ги обезбедиме сите ресурси со одредени содржини за луѓето да останат таму – изјави Заев.

Заев рече дека неколку партии од албанскиот блок најавиле учество на протестот в недела.

Тој рече дека едно решение од кризата е премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка. Истакна дека тоа што го прави Груевски со протестот закажан в понедленик е конфронтација со народот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...