fbpx

Денеска ќе се одржи средба меѓу лидерите на опозициските партии

-

Опозициските партии денеска во 12.30 часот во седиштето на СДСМ ќе одржат средба, соопштија од СДСМ.

Либералната партија веќе објави дека нивниот претседател Ивон Величковски ја прифатил поканата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и се надева дека на средбата меѓу опозиционерите .ќе се разговара за вчерашната лидерската средба во Клубот на пратеници, како и за митингот што треба да се одржи в недела.

„Точно е дека ЛП не е во коалициони односи со СДСМ. Но, еднакво е точно дека ЛП соработува и ќе соработува со сите граѓани, организации, движења… кои се согласни со нашата иницијатива од октомври 2014 година – оставка на Груевски и формирање нова, „широка“ влада. Ние ја дефинираме како концентрациона, други како преодна, трети како влада на национално единство, но за сите е јасно – влада без Никола Груевски“,  пишува на фејсбук-профилот на Либералната партија.

Во 13 часот пред седиштето на партијата предвидена е изјава за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...