fbpx
Македонија Страница 1770

Македонија

Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот јавен обвинител

За денеска тема на средбата на работните групи е изборот на специјален јавен обвинител. Се очекува на средбата, покрај претставниците на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, да присуствува и олеснувачот Џејмс Хамилтон. На вчерашната средба, пак, на работните групи се разговараше за Државната изборна комисија и Изборниот законик. Претставници...

Киднаперот на Мис Стон ќе добие спомен-плоча во Штип

По иницијатива на Амбасадата на Бугарија во Македонија и бугарската општина Луковит, во Штип ќе биде поставена спомен-плоча на Христо Чернопеев, како што стои во иницијативата, легендарен војвода и истакнат деец на ВМРО. На денешната седница на Комисијата за култура во штипскиот Совет, се...

Сончево со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. Во Скопје ќе биде слично со максимална дневна температура до 32 степени.

Во пожар во Радовиш тешко повреден еден пожарникар

Во пожар што избувнал во куќа на улица „Партизанска“ во Радовиш, тешко е повреден еден пожарникар, а целосно изгорен е вториот спрат и кровната конструкција на куќата. Пожарникарот кој се повредил при гаснењето на пожарот, прво бил хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, но поради...

Запалиле една од палмите во Струга

Една од дваесетината палми засадени во последната акција во Струга, пламнала како факел, откако ја потпалиле неодговорни поединци – информираа од општина Струга. Дрворедот на палмите е во центарот на градот, веднаш до Советот на Општина Струга. - Навремената реакција од страна на ТПЕ-Струга го спречи...

Заврши првата средба на работната група по одморите

Заврши средбата на членовите на работната група. Претставниците на партиите не дадоа изјава, ниту пак кажаа дали на овој состанок постигнале некаков напредок. Тема на денешните разговори требаше да биде Државната изборна комисија и Изборниот законик. Претставници од СДСМ беа Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, од...

ЛП: Да се одмрзне сметката на „Макпетрол“, за да се спречи енергетска криза

Во услови на се поизвесна ескалација на состојбите во снабдувањето со нафта и енергенси, Либералната партија (ЛП) повторно ги упатува прашањата на кои ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ресорното министерство се уште не одговориле од саботата, 15 август. Од Либералната партија прашуваат, „која е потребата од замрзнување на...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил...

Иванов: Човек што не носи одлуки е склон да робува

Сите сакаме да бидеме во Европа и да бидеме Eвропјани. Оваа школа е влог во таа европеизација на Македонија, и доколку поради познатите блокади не можеме да бидеме дел од ЕУ, барем младите да ги направиме Европјани во Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов во...

„Мост“ бара отворени листи и забрана медиумите да финансираат политички кампањи

Отворени листи, законско решавање на сивите зони во финансирањето на кампањите на партиите и забрана за медиумите да бидат донатори на политичките кампањи се дел од препораките изнесени во работниот документ, што денеска го презентираше Граѓанската асоцијација „Мост“, која повеќе од 13 години како...

Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, пред малку повторно седнаа за заедничка маса. Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон. Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан...

Македонските пчелари ќе се соберат на „Саем на медот” во Струга

Претстојниот викенд, на Плоштадот на револуцијата во Струга, ќе се одржи „Саем на медот”, манифестација организирана од Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, а помогната од Мрежата за рурален развој од Македонија и градоначалникот на Општина Струга. „Саемот на медот” во Струга ќе биде отворен...

Започна одбележувањето на Денот на АРМ

Денеска началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се обрати на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерстворо за одбрана, по повод одбележување на Денот на АРМ – 18 август. Како дел од активностите за одбележување на денот на АРМ, на припадници...

Штипскиот универзитет пополни една четвртина од слободните места

Од понудените 5.390 слободни места на државниот универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, во првиот уписен рок конкурирале околу 1.600 студенти. Оваа бројка, според анaлизите на универзитетот, се должи на помалиот број на завршени средношколци, но и на фактот дека дел од нив немаат положено...

Иванов се сретна со Петар Стојанов

Синоќа во Охрид, претседателот Ѓорге Иванов оствари работна вечера со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, кој на покана на македонскиот претседател е еден од предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери. На средбата, Иванов и Стојанов размениле мислења за билатерални односи меѓу Република...

Променливо време, со температура до 34 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, кој ќе биде поизразен во западните делови од земјата, каде на моменти ќе достигне брзина од...

Денеска продолжуваат средбите на работните групи

Денеска  треба да продолжат средбите на работните групи на четирите партии - потписнички на Договорот од Пржино. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за изборниот процес, а на дневен ред се прочистувањето на избирачкиот список, предлогот за активна регистрација, гласањето на дијаспората и надлежностите на...

Српската народна партија бара да се изгради ѕид на границата со Македонија

Српската народна партија (СНП) смета дека Србија треба, по примерот на Унгарија, да подигне ѕид на границата со Македонија, затоа што само така може да се спречи приливот на мигранти. „Крајно време е да почнеме да се однесуваме како секоја друга земја од западна Европа...

МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

Министерството за внатрешни работи, по соопштението на СДСМ, се огласи дека ќе ги испита наводите на партијата дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија. „Министерството за внатрешни работи...

СДСМ: Продолжува нелегалното производство и продажба на забранет тутун

Со нечија заштита и одобрување во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија, велат од СДСМ. „Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...