fbpx

Киднаперот на Мис Стон ќе добие спомен-плоча во Штип

-

По иницијатива на Амбасадата на Бугарија во Македонија и бугарската општина Луковит, во Штип ќе биде поставена спомен-плоча на Христо Чернопеев, како што стои во иницијативата, легендарен војвода и истакнат деец на ВМРО. На денешната седница на Комисијата за култура во штипскиот Совет, се разгледуваше оваа иницијатива.

Коските на Чернопеев пред некоја година се закануваа по бугарско-македонските односи. Бугарски јавни личности како лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, го распали гневот на тамошната јавност со тврдењето дека свештениците во штипската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, ги ископале коските на Чернопеев за да изградат продавница на свеќи.

Потоа, свештениците се докажуваа дека коските се уредно закопани во дворот. При тоа, никој со сигурност не можеше да потврди дека се тоа коски на одликуваниот бугарски офицер и учесник во Илинденското востание и соборец на Јане Сандански. Се знае дека Христо Чернопеев загинал кај Криволак, неготинско, а по усно кажување бил закопан во дворот на новоселската црква.

Македонското Министерсотвото за образование и наука ја финасираше книгата на универзитетскиот професор Никола Жежов за дејноста на Христо Чернопеев, која беше промовирана во 2013 година, на Денот на македонската револуционерна борба.

Во македонските историски читанки пишува дека Чернопеев е учесник и во Илинденското востание, а во 1908 година, заедно со Јане Сандански влегува во Истанбул за да го задуши бунтот против младотурците. Во Првата светска војна тој учествува како офицер на бугарската армија, за што добил ореден за храброст.

Чернопеев бил во групата што ја киднапираше американската мисионерка Елен Стон, со цел да добијат пари за македонското револуционерно движење, епопеја екранизирана и во филмот „Мис Стон“.

Меѓутоа, некои од историчарите сметаат оти нема докази дека Чернопеев бил закопан во црквата во Штип.

Неодамна во Штип беше подигната спомен-плоча на загинатите српски борци од брегалничката битка. Партијата ТМРО го осуди настанот, со став дека се работи за окупаторска војска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...