fbpx

Запалиле една од палмите во Струга

-

Една од дваесетината палми засадени во последната акција во Струга, пламнала како факел, откако ја потпалиле неодговорни поединци – информираа од општина Струга.

Дрворедот на палмите е во центарот на градот, веднаш до Советот на Општина Струга.

– Навремената реакција од страна на ТПЕ-Струга го спречи ширењето на огнот и можноста да бидат зафатени и другите 20 палми, што ќе беше закана по здравјето, односно животот на граѓаните. Не е прв пат да се случува ваков вандалски чин, и истото мора да се осуди – реагираа од Општина Струга.

Од таму ги повикуваат сите граѓани, да ја зголемат свеста за општественото богатство и да ги пријавуваат ваквите случаи до инспекциските служби или до локалната полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...