fbpx

Во пожар во Радовиш тешко повреден еден пожарникар

-

Во пожар што избувнал во куќа на улица „Партизанска“ во Радовиш, тешко е повреден еден пожарникар, а целосно изгорен е вториот спрат и кровната конструкција на куќата.

Пожарникарот кој се повредил при гаснењето на пожарот, прво бил хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, но поради сериозност на повредите испратен е на скопските клиники.

Во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила. Од противпожарна служба информираат дека пожарот најверојатно настанал од компјутер, а потоа се проширил на завесата и останатиот мебел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...