fbpx

Иванов се сретна со Петар Стојанов

-

Синоќа во Охрид, претседателот Ѓорге Иванов оствари работна вечера со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, кој на покана на македонскиот претседател е еден од предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери.

На средбата, Иванов и Стојанов размениле мислења за билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и за актуелните прашања од регионот.

Инаку, во Охрид денеска ќе почне шестата по ред Школа за млади лидер, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Покрај на претседателот Иванов, на свеченото отворање најавени се обраќања на Франко Фратини, поранешен потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, на Петар Стојанов, поранешен претседател на Република Бугарија, на Фенг Тиан, генерален менаџер на „Чајна Цивил Енжинеринг Конструкшн Корп“, како и на Зоран Илиевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вкупно 44 учесници на школата, до 28 август, ќе следат предавања на дваесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...