fbpx
Македонија Страница 1689

Македонија

Хронологија: Како преговорите за медиумите завршија во ќор-сокак

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ги напушти преговорите на политичките партии за медиумите, непознато е дали и кога ќе продолжат разговорите. Сите партии потписнички на Договорот од Пржино чекаат повик од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, за повторно да се соберат во Клубот на пратениците. Добра волја се очекува...

Од 19 јуни до денеска низ земјава поминале 300.000 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.695 мигранти, од кои 1.190 се сириски државјани, 979 се од Авганистан, а 536 се со потекло од Ирак. Според податоците на МВР, од 19 јуни...

СДСМ: На локацијата на „индустриската зона Мауцкер“ има само депонија

„Никола Груевски во деновите пред своето заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет. Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, обвини СДСМ. „Деновиве Груевски мафта со договори, дека на земјиштето на военото стрелиште...

Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре и задутре ќе учествува во работата на 22. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Белград, Србија. На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во...

Скопје, Тетово и Битола два дена дишат само отров

Најалармантни податоци за загадувањето во Македонија се од мерната станица во Тетово, каде во 9 часот утрово се измерени 516 микрограми или десетпати повеќе од дозволеното, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833, пишува на страницата на која се објавуваат податоците за загаденост. Рекордот...

Преговорите за медиумите висат, се чека Ванхауте да ги свика учесниците

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за проблемите во медиумите денеска нема да продолжат, откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напушти средбата во Клубот на пратениците во Скопје, дознава „Мета“. Според нашите информации, од канцеларијата на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте до партиите било доставено...

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на Град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побарал од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување субвенции – дотации, за преземање мерки и активности од страна на Градот за поголема заштита на...

Денеска ќе бидат засадени три милиони дрвца

Под мотото „Засади успех“, денеска на повеќе од 100 локации на целата територија на Република Македонија ќе се одржи 16. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, во рамките на која ќе бидат засадени три милиони дрвца на 930 хектари земјиште. Како што информираат...

Денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од -2 до 5 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме граѓаните и медиумите да бидат жртви на тоталитарната идеологија на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да ја узурпира и да ја укинува слободата на медиумите и да дејствува спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и за слобода на информирање, стои во реакцијата на владејачката партија по денешната изјава на...

Од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите за медиумите, Ванхауте ги чека да се вратат

Набргу по почнувањето, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги напуштиле преговорите за регулација на работата на медиумите. Од извори блиски до преговарачките групи дознаваме дека партијата на власт ги напуштила преговорите затоа што некои од работите кои ги кажал белгискиот олеснувач тие ги сфатиле лично иако...

Усвоен деловникот на Анкетната комисија за прислушувањето, Шилегов нема да има двоен глас

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето со 12 гласа „за“, еден воздржан и еден кој не гласал, го усвоија деловникот за работа. Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, информираше дека членовите успеале да ги надминат сите несогласувања и дека наредната седница ќе се одржи...

СДСМ: Банките не веруваат во погрешните економски политики на Груевски

Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Македонија не веруваат во Никола Груевски и во неговите погрешни економски политики, реагираат од СДСМ. „Иако беа понудени државни хартии од вредност од 100 милиони евра,...

Трајанов бара да се укине плаќањето на радиодифузна такса

Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио-телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државните радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно...

Иванов се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска со сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кому му укажа благодарност за поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќе области, особено во владеење на правото, изборниот процес и законодавство, полицијата, судството и во унапредувањето на меѓуетничките...

Во Македонија регистрирани 28 нови случаи на ХИВ

Годинава во Република Македонија со инфекција од ХИВ се регистрирани 28 нови случаи, а едно лице со напредната инфекција од вирусот е починато. Најголем број од новозаболените се лица од машки пол и се заразиле преку хомосексуален контакт. Од 1987 година кога е регистриран првиот...

Перформанс пред Владата: Заслужуваме подобро

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ одржа протестен перформанс - фотографирање со големи букви кои ги држеа нивните активисти и заедно направија голем натпис „Заслужуваме подобро“. Од платформата велат дека граѓаните имаат право да ги контролираат политичарите, да ја знаат нивната имотна состојба и да бидат прашани...

Иванов: Македонија одлично се справува со мигрантската криза

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на Самитот за климатски промени, кој се одржува во Париз, разговарал со американскиот претседател Барак Обама и со германската канцеларка Ангела Меркел. Иванов пред светските лидери кажал дека Македонија има прогласено кризна состојба во поглед на мигрантите и дека се...

Вчера МВР издало потврди на вкупно 2.195 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.195 мигранти, од кои 984 се авганистански државјани, 629 се Сиријци и 582 лица се со потекло од Ирак. Според новите мерки, кои беа воведени пред околу две недели,...

Заев: Банките денеска да размислат дали ќе дадат пари за личните интереси на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот состав на Државната изборна комисија (ДИК), кој од 11 ноември работи со истечен мандат, донесе скандалозна одлука водена од политичките интереси на власта, а на штета на граѓаните, обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција. Тој рече дека СДСМ нема да дозволи вакви политички...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...