„Никола Груевски во деновите пред своето заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет. Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, обвини СДСМ.
„Деновиве Груевски мафта со договори, дека на земјиштето на военото стрелиште што го предаваат на Општина Охрид, ќе никне индустриска зона. Зоната ќе привлече странски и домашни инвеститори и ќе отвори нови работни места. Местото на виртуелните странски и домашни инвеститори и работни места, зоната Мауцкер, денес, година и пол подоцна, е депонија. Индустриската зоната Мауцкер е уште една лага на Груевски. Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за други инвестиции. Никола Груевски изминатите 10 години ги лажеше и ги осиромашуваше граѓаните, додека работеше да цветаат тендерите и бизнисите со кои се богатеше неговата фамилија“, соопштија од СДСМ.
Од партијата додаваат дека „на 24 април завршуваат лагите и валканите политики на Груевски и се отвора пат за вистински инвестиции, вистински нови работни места, за економски стабилни граѓани и за напредна држава“.