fbpx

Вчера МВР издало потврди на вкупно 2.195 мигранти

-

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.195 мигранти, од кои 984 се авганистански државјани, 629 се Сиријци и 582 лица се со потекло од Ирак.

Според новите мерки, кои беа воведени пред околу две недели, влез и транизит низ земјава им се дозволува само на мигрантите од кризните жаришта, односно од Сирија, Ирак и од Авганистан.

Според МВР, од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, по измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, низ земјава поминале вкупно 294.928 мигранти, од кои речиси две третитни се сириски државјани или вкупно 174.814 лица.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Одделението за азил не се поднесени нови барања. Вкупниот број на мигранти кои од 19 јуни до вчера побарале да останат во земјава изнесува 80 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...