Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Македонија не веруваат во Никола Груевски и во неговите погрешни економски политики, реагираат од СДСМ.

„Иако беа понудени државни хартии од вредност од 100 милиони евра, реализирани се околу 72,5 милиони евра. Интересот на банките, пензиските фондови и на осигурителните друштва беше помал за повеќе од 27 милиони евра. Но, сепак постои разлика од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови врз основа на државни хартии од вредност, во висина од 61 милион евра, што доспеваат наредните денови“, пишува во соопштението на СДСМ.

Во нивното соопштение пишува дека разликата од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови врз основа на државни хартии од вредност, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборна корупција.