fbpx

Од 19 јуни до денеска низ земјава поминале 300.000 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.695 мигранти, од кои 1.190 се сириски државјани, 979 се од Авганистан, а 536 се со потекло од Ирак.

Според податоците на МВР, од 19 јуни кога почна издавањето на потврдите, заклучно со последната бројка на регистрирани мигранти, низ земјава поминале вкупно 297.623 мигранти. Најголемиот број од нив се државјани на Сирија (176.004), Авганистан (71.872) и на Ирак (28.309).

Минатата недела, Македонија, како и другите земји од т.н. западно-балкански коридор, ги затвори границите за економските мигратни од Азија и од Африка и дозволува влез и транзит низ територијата на земјава само на бегалци од кризните жаришта, односно од Сирија, Ирак и од Авганистан.

ОД МВР информираат дека вчера до секторот за азил не биле поднесени нови барања за азил. Од 19 јуни досега, да останат во земјава побарале вкупно 80 мигранти.

Според податоците на МВР, 53 барања за азил се поднесени од државјани на Сирија, 13 од државјани на Авганистан, три од државјани на Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и од Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...