fbpx

Заев: Банките денеска да размислат дали ќе дадат пари за личните интереси на ВМРО-ДПМНЕ

-

Актуелниот состав на Државната изборна комисија (ДИК), кој од 11 ноември работи со истечен мандат, донесе скандалозна одлука водена од политичките интереси на власта, а на штета на граѓаните, обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Тој рече дека СДСМ нема да дозволи вакви политички одлуки, кои се на штета на граѓаните, да бидат користени за изборни манипулации.

СДСМ ги повика банките пред денешната закажана аукција да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија.

– Како најголеми доверители, банките мораат да имаат предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг. Секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборни манипулации, лично од страна на Никола Груевски. Ние нема да дозволиме да се запостави интересот на граѓаните за да може ВМРО-ДПМНЕ да ги користи нивните пари. Како може неполни 24 часа пред изборот на новиот состав на ДИК да се донесе ваква одлука? Ние еднаш го искористивме нашето законско право на вето кога Владата сакаше да се задолжи кај меѓународните институции. Како може истото право да не се почитува кога се работи за задолжување кај домашните банки? – изјави Заев.

Тој рече дека правните тимови на партијата веќе работат на овој случај за кој велат дека нема да дозволат да помине неказнето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...