fbpx

Скопје, Тетово и Битола два дена дишат само отров

-

Најалармантни податоци за загадувањето во Македонија се од мерната станица во Тетово, каде во 9 часот утрово се измерени 516 микрограми или десетпати повеќе од дозволеното, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833, пишува на страницата на која се објавуваат податоците за загаденост.

Рекордот синоќа го држеше Битола, со аерозагадување од 919 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар или 18 пати повеќе од максимално дозволеното.

Од скопските општини, најзагадено е во Центар со 296 микрограми, следуваат Карпош со 282, Гази Баба со 194, Лисиче со 172, а кај Ректоратот се измерени 150 микрограми на еден кубен метар.

Во Кичево се регистрирани 142 микрограми, во Кочани 101 и во Кавадарци 68 микрограми на кубен метар.
Според податоците, во Тетово, Битола, Кичево и во Кочани утрово се регистрирани високи концентрации на честички ПМ10, кои се движат од 100 до 300 микгрограми на еден кубен метар.

На овие податоци реагираат од опозицијата. Од СДСМ велат дека е недозволиво власта да троши 630 милиони евра за споменици, милион евра за ЛЕД-телевизори, а граѓаните да дишат загаден воздух.

„Наместо парите да се трошат за реклами каде нè убедуваат дека здравјето нема цена, добро е истите да се вложат во заштита на животната средина, затоа што навистина здравјето нема цена. Во извештајот на Светска банка се наведува дека Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од честичките ПМ10. Најголем „успех“ на Никола Груевски е што успеа со непланските мерки и со неводењето грижа за граѓаните во последните 10 години, да ги направи Битола, Скопје, Кавадарци и Кичево едни од најзагадените градови во Европа“, пишува во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...