fbpx
Македонија Страница 1687

Македонија

МВР вчера издало само 666 потврди за мигранти

Во изминатите 24 часа, Министрството за внатрешни работи издало 666 потврди на странски државјани, од кои 364 биле државјани на Сирија, 186 на Авганистан и 116 на Ирак. Од 19 јуни до денеска МВР издало вкупно 301.086 потврди на странски државјани. Во изминатото деноноќие, до секторот...

ССК: Половните возила се најголеми загадувачи на воздухот

Најголеми загадувачи не се индустриските објекти и огревното дрво, туку проблемот со загадувањето на воздухот најдиректно го лоцираме во увозот на половни возила, вели Митко Алексовски, претседателот на Сојузот на стопански комори. - Половните возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромно количество штетни...

Преговорите за медиумите продолжуваат денеска, на тапет МРТ

Политичките партии денеска продолжуваат со разговорите за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје. Според најавите, тие денеска ќе разговараат за реформите во МРТ. Тие, пак, вчера повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале...

Европски граничари ќе се распределат на македонско-грчката граница

Европските гранични сили Фронтекс ќе се распределат со 400 припадници на македонско-грчката граница, реши ОБСЕ на состанокот во Белград. Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на припадниците на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и...

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, за денеска доцна попладне, во 17.30 часот, закажа прес-конференција. Освен времето на одржување на конференцијата, засега нема официјални информации за поводот и за темата. Сепак, според последните актуелности поврзани со обвинителството, извесно е дека причина е Законот за јавнообвинителска служба, кој...

В недела привремен сообраќаен режим на Трета македонска бригада

В недела, на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација. Привремениот сообраќаен...

Здружението „Богојавление“ ја откажа организацијата на манифестацијата Богојавление – Водици

Здружението „Богојавление“ се откажа од организацијата на свеченостите и на манифестациите поврзани со верскиот празник Водици - Богојавление. Иако ваквата одлука на здружението, на некој начин, беше очекувана, јавноста ја прими веста со големо изненадување бидејќи станува збор за манифестација што привлекува илјадници гости надвор...

Претежно сончево, со температура до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со слаб ветер од...

Попоски: Тимови на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница

Тимови на агенцијата на Европската унија за обезбедување на надворешните граници - Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница, потврди во изјава за телевизијата „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Белград,...

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска. - Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш...

Спасовски: Нема опасност од терористички напади

Безбедносната состојба во Македонија во моментов е стабилна и нема опасност од терористички напади, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на Секторот за внатрешни работи Скопје, додавајќи дека е подигнато нивото на безбедност во земјава за да се превенираат можни несакани инциденти. -...

Политичките партии сè уште далеку од договор за медиумите

Политичките партии кои денеска преговараат за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје, повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение. Се очекува преговорите за медиумите да продолжат и утре. Денеска ВМРО–ДПМНЕ ги...

Mал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово

Локалната власт спроведува мал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово, заклучија учесниците на денешната трибина „Здравата животна средина - основно човеково право“. Засега, според еколошките здруженија, во функција е само повкувачкиот центар за пријавување загадување на животната средина, а делумно се спроведува и еко-рапортот....

Клучните сведочења пред Анкетната комисија ќе бидат зад затворени врати

Никола Груевски, Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески ќе бидат првите сведоци што ќе ги сослушува Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Ова денеска го изгласаа членовите на комисијата, која треба да го расветли скандалот со прислушувањето. Денеска претседателот на комисијата,...

Партиите не можат да се договорат ниту за експертите во ДИК

Се намалуваат шансите утре Собранието да ги изгласа членовите на Државната изборна комисија, направена по теркот на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Според нашите информации, партиите не можат да се договорат за имињата на тројцата експерти што ќе бидат членови на комисијата....

Мигрант загина кај Идомени, продолжува тензијата на границата

Еден мигрант загинал од струен удар, а двајца биле повредени во судир на мигранти и на бегалци на грчко-македонската граница, каде изминативе денови состојбата е тензична откако земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои и Македонија, ги затворија границите за економските мигранти и пропуштаат...

Штипските судови целосно го поддржаа штрајкот на судската администрација

Во периодот од 10.30 до 12.30 часот останаа затворени судниците во штипскиот Основен суд и во Апелацискиот суд. Судската администрација одржа предупредувачки штрајк во знак на протест поради, како што истакнуваат, неповолните решенија од Законот за судска служба од 2014 година. Без судската администрација, и...

Декември, месец за сведоци во Анкетната комисија

Од 9 до 15 месецов би требало да сведочат првите сведоци кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повикаа во Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги повика Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески со тоа што истакнаа дека ќе побараат седницата на...

„Студентски пленум“ ќе организира тридневен фестивал

„Студентски пленум“ организира „Ад хок фестивал“, кој ќе почне од 10 декември напладне и ќе се одржува три дена на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На фестивалот ќе настапуваат „Новиот почеток“, „Ди Џон“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „Бандикс“, „Руверс ханговер“ ,„Визија“, „Бета хаус“, „Фанк шуи“,...

Виница пред епидемија од варичела

Триесетина деца од предучилишна возраст и еден родител од Виница во текот на ноември заболеле од варичела, меѓу народот познатa како овча сипаница. Ноември е месецот со најголем број на заболени, со оглед на фактот дека од февруари до почетокот на декември се регистрирани...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...