fbpx

МВР вчера издало само 666 потврди за мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министрството за внатрешни работи издало 666 потврди на странски државјани, од кои 364 биле државјани на Сирија, 186 на Авганистан и 116 на Ирак.

Од 19 јуни до денеска МВР издало вкупно 301.086 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие, до секторот за азил поднесени се две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на две полнолетни лица од Сирија и на шест деца што го придружуваат родителот.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до секторот за азил се поднесени 82 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.