fbpx

Виница пред епидемија од варичела

-

Триесетина деца од предучилишна возраст и еден родител од Виница во текот на ноември заболеле од варичела, меѓу народот познатa како овча сипаница. Ноември е месецот со најголем број на заболени, со оглед на фактот дека од февруари до почетокот на декември се регистрирани вкупно 37 болни. Само во вторникот биле пријавени пет нови случаи на варичела на возраст до пет години.

Епидемиолозите размислуваат за прогласување епидемија.

– Сè уште немаме прогласено епидемија поради некои наши параметри. Се случува и неколку дена да нема заболено дете. Сепак, поголемо отсуство не е забележано, постојано се следи состојбата – изјави епидемилиогот Горан Николов од Здравствен дом Виница.

Најголем дел од заболените деца доаѓаат од детската градинка „Гоце Делчев“, каде има зголемено отуство на децата. Таму се преземаат дополнителни здравствено-хигински мерки.

Засега заболените се лекуваат дома и нема згрижени пациенти со оваа болест во болница. Лекарите препорачуваат следење на здравствено-хигиенските препораки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...