fbpx

Декември, месец за сведоци во Анкетната комисија

-

Од 9 до 15 месецов би требало да сведочат првите сведоци кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повикаа во Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги повика Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески со тоа што истакнаа дека ќе побараат седницата на кои ќе сведочат да биде затворена за јавноста.

СДСМ, пак, за сведоци во комисијата ги повика Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер. Членовите на комисијата се договорија од 7 декември до 22 јануари да завршат со искази и со посети на институции. На 26 јануари да одржат седница на која ќе дадат препораки, а на 29 јануари да се подготви извештајот.

По завршувањето на седницата на комисијата, претседателот Петре Шилегов рече дека не му е јасно зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одлучиле седниците на кои ќе сведочат нивните сведоци да бидат затворени за јавност.

– За жал, ВМРО-ДПМНЕ јавно соопшти дека сите членови на нивната партија што ќе бидат повикани за сведоци, нема да сведочат пред очите на јавноста. Јас, како човек, не како претседател на комисијата, ќе дадам сè од себе, сите искази што не се од класифициран карактер да дојдат до новинарите и до очите на јавноста. Од ова може да заклучиме дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се спроведе Договорот од Пржино, ниту, пак, Анкетната комисија да си ја врши работата како што е предвидено. Затоа што не само СДСМ, туку и јавноста бараше седиците на оваа комисија да бидат јавни. Изборот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски е да се кријат во дупка. Не можеме да разбереме зошто информации како купување парцели на Водно, „мерцедес“ од 600.000 евра, изборни манипулации би биле класифицирани информации. Жал ми е за нив, но на ниту еден начин не можеме да им помогнеме да побегнат од себе – рече Шилегов.

Сведоците што ќе бидат повикани од Анкетната комисија немаат законска обврска да прифатат да сведочат. Одговарајќи на новинарско прашање што ако некој од сведоците не се појави на сведочење, Шилегов рече дека тоа ќе го остават на судот на јавноста.

Според деловникот за работа на комисијата, сведоците можат да побараат таа да биде отворена за јавност, но, исто така, тоа можат да го побараат и членовите на Комисијата со мнозинство гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...