fbpx
Македонија Страница 1682

Македонија

Груевски: Фала на прашање, освен настинката и синусите, добро сум

Премиерот Никола Груевски, во вчерашното интервју за порталот „Прес 24“, одговара и на прашањето за тоа како лично се чувствува. „Прес 24“: Премиере, неколку месеци по „бомбите“, епилог Договорот од Пржино, мислење дека премногу попуштивте, стоите добро, но прво како се чувствувате лично? Груевски: Ме фативте неспремен за...

Груевски: Со Заев ќе биде како „рамбл ин д џангл“ и „роуп а доуп“

Премиерот Никола Груевски во денешното интервју за порталот „Прес 24“ прави аналогија на легендарниот бокс-меч меѓу Мохамед Али и Џорџ Форман и неговата битка со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Груевски вели дека противникот го мотивирал слично како што тоа му го направил Форман на...

Се зголемува капитацискиот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари

Фондот за здравство ќе го зголеми капитацискиот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари, односно за 14 проценти, од 1 јануари 2016 година. Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе...

Ни Протоѓер не сведочеше пред Анкетната комисија

Ниту Мартин Протоѓер, советник на премиерот Никола Груевски, денеска не се појави како сведок во собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушување. По мало препирање на членовите на комисијата околу деловникот и што да се стави како точка на дневен ред, членовите се договорија да се...

Груевски: Македонија е безбедна колку што е и Европа

„Македонија е безбедна колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот“, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за порталот „Прес 24“. „Не смееме да дозволиме овие закани да ни го...

„Е-општество“: Мора да има рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност

Треба да се постигне рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност, е заклучокот од денешната единаесетта меѓународна конференција „Е-општество“, посветена на слободата и на приватноста на интернет, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и на Меѓународниот институт за човекови...

Хелсиншки комитет: Човековите права се изгубија во партиско-политичкиот дискурс

Во 2015 година бевме сведоци на апсолутната злоупотреба на државниот систем за зацврстување на моќта на владејачката коалиција, наспроти волјата и потребите на граѓаните, кои целосно се изгубија во партиско-политичкиот дискурс и ја загубија и онака слабата доверба во институциите, пишува во соопштението на Хелсиншкиот...

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино и денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Преговорите за медиумите сè уште се на пауза. Европската...

Македонската граница вчера ја поминале вкупно 2.032 странски државјани

Во текот на вчерашниот ден, издадени се вкупно 2.032 потврди за изразена намера за поднесување барање за признавање право на азил на странски државјани. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од овие лица 869 биле мажи, 427 жени, а 528 деца што го придружувале носителот...

Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“. Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација...

Денеска нова седница на Анкетната комисија

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е сослушување на сведоците што ги предложија партиите. Според јавно изнесениот распоред на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, денеска пред членовите треба да се појават министерот за финансии, Зоран...

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

Миграциската криза како глобален проблем и меѓусебната поврзаност во ЕУ, се темите за кои денеска во македонското Собрание ќе се дебатира во рамки на седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ). Воведни обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, заменикот...

Македонија ќе се огради со Грција и на преминот Меџитлија

Македонија почна да гради и втора ограда на границата со Грција, по онаа во Гевгелија, во желба за подобра контрола на бранот мигранти, рекол воен извор во Скопје, пренесе балканската мрежа на „Радио Слободна Европа“. - Ќе подигнеме граница во подрачјето на Меџитлија - рекол...

Денеска конференција „Е-Општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што се одржува денеска во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество...

Времето облачно со умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со умерен северен ветер. Во вечерните часови, особено во западните делови од земјава, повремено ќе провејува снег. Утринската температура ќе се движи од -4 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно, со...

Заврши полициската акција во неутралната зона на границата меѓу Македонија и Грција

Грчките медиуми јавуваат дека завршила акцијата за отстранување на мигрантите кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија. Акцијата во која учествувале околу 350 полицајци, поминала без инциденти, а железничкиот сообраќај е повторно воспоставен. Во неутралната зона имало најмалку 2.300 мигранти, најмногу...

Спасов до Ременски: Измислувате афери за политички поени

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски, својата неспособност за менаџирање на министерството  и за реализација на проектите во интерес на граѓаните, се обидува да ја компензира  со измислување афери без никаква суштинска основа, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов...

Груевски и Нетанјаху потпишаа неколку договори за соработка

Премиерот Никола Груевски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Ерусалим потпиша Декларација за пријателство меѓу двете земји, Договор за одбегнување на двојното оданочување и Договор за промоција и за заштита на инвестициите. Како што соопштија од кабинетот на премиерот, двајцата премиери ги потврдиле одличните...

Обвинителство: Во тек е предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти

Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и води предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека досега била прибавена писмена документација и податоци и додаваат дека во моментот не можат да соопштат повеќе детали бидејќи според Законот за...

Ременски: Диме Спасов оставил 6.603 домаќинства без социјална помош

Во тек е вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа низ Македонија. Инспекторите денеска утврдија голем број недостатоци во работењето на овие установи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. - Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...