fbpx

Македонија ќе се огради со Грција и на преминот Меџитлија

-

Македонија почна да гради и втора ограда на границата со Грција, по онаа во Гевгелија, во желба за подобра контрола на бранот мигранти, рекол воен извор во Скопје, пренесе балканската мрежа на „Радио Слободна Европа“.

– Ќе подигнеме граница во подрачјето на Меџитлија – рекол за АФП македонскиот воен извор, кој сакал да остане анонимен.

Според него, тој дел од границата е порозен и со тоа би се спречиле илиегалните влезови на мигрантите.

Македонија на 19 ноември почна да врши селекција на мигрантите врз основа на тоа од која земја доаѓаат, поради што тие почнаа протести.

Кон крајот на ноември, пак, заврши изградбата на оградата долга три километри на границата со Грција кај преминот Богородица во Гевгелија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...